Дефинирањето на потеклото на болката кај лумбагото е од круцијално значење за изнаоѓање методи кои водат кон нејзина елиминација или до намалување на нејзиниот интензитет, вели д-р Бранко Блажевски,неврохирург.

Во современата медицинска литература стои дека 80 проценти од целокупното население на една држава најмалку еднаш во својот живот искусило лумбаго. Според моето долгогодишно искуство, таа бројка забрзано се доближува до 90 проценти, а нема да биде чудно и понатаму да се зголемува. И авторот на овој текст спаѓа во тој број, па поттикнат од тоа пред три години тргна со истражување на причините како и на лекот за лумбаго. Еве ги сознанијата кои произлегоа од тоа истражување и кои се применуваат кај десетици пациенти кај кои има значајно подобрување, дури и излекување. Трошоците на современите држави за лекување лумбаго се движат во милијарди евра. Што е тоа лумбаго, кои се главните карактеристики, што го предизвикува и, што е најважно, од каде доаѓа болката се прашања кои ќе се обидеме да ги одговориме во овој текст, како и уникатниот сè уште непознат начин на лекување што е пронајден од авторот на текстот.

ШТО Е ЛУМБАГО

Под лумбаго или ЛБП (LBP – low back pain), болка во долниот дел од грбот, се подразбира болка која варира во интензитетот од средно силна до неиздржлива, која се јавува во половината, се шири како појас или е локализирана во една точка, но никогаш не се простира по должината на ногата. Заради интензитетот на болката и оптоварувањето на околната мускулатура на ‘рбетот, болката може да се протега само во мал дел од задникот, но никако по должината на ногата. Нема радикуларна болка или т.н. ишијас. Ова се потврдува со магнетна резонанса (МРИ) на тој дел од ‘рбетот, каде што се покажу- ва дека дискусите се во нормалните граници, значи нема дискус хернија.

Природата на болеста е хронична и се јавува во периоди, со тоа што секој нареден напад е сè посилен и потешко комплетно се повлекува. Таа болка силно влијае на работоспособноста на пациентот како и на секојдневните активности и сигурно води кон депресија. Сите досегашни конзервативни методи покажуваат слаби резултати, а хируршките се многу крвави и скапи.

ОД КАДЕ ДОАЃА БОЛКАТА

Болката ја предизвикува погрешното држење на телото и се разбира начинот на живот, со долготрајно седење и недостиг од физичка активност. Ако ја разгледаме внимателно анатомската градба на тој дел од ‘рбетот, може да се заклучи дека само една структура на ‘рбетот во овај регион може да предизвика така силна болка. Тоа е зглобот помеѓу два пршлени т.н. интервертебрален зглоб, кој е парен, што значи го има и лево и десно од средната линија. Се работи за состојба која не е предизвикана од повреда, од траума на ‘рбетот и околните ткива.

Се работи за мал зглоб кој е обилно снабден со нервни влакна и кој има помош од неколку мали мускулчиња кои се припоени тука и немаат сила да го спречат прекумерното движење во зглобот. Оној момент кога движењата во зглобот ќе станат премногу големи за да истиот не може да ги издржи без самиот да се оштети, тогаш доаѓа помош од околниот огромен мускулен столб кој го исправува ‘рбетот, (m. erector spinаe), кој се вкочанува, влегува во константен спазам, за да го спречи понатамошното движење на целиот ‘рбетен столб и на тој мал зглоб. Резултат од ова е искривување на ‘рбетот на една или друга страна. Во случаите каде што има строго локализирана болка во една точка, обично со најјак интензитет според визуелната аналогна скала, се работи за т.н. лумбар фацет синдром (lumbar facet syndrome). Во овој назив најсоодветно е објаснето дека болката доаѓа од зглобот помеѓу пршлените.

КАКО НИЕ ВО „РЕ-МЕДИКА“ ГО ЛЕКУВАМЕ ЛУМБАГОТО

Од горенаведените анатомски и патофизолошки забелешки произлегува и решавањето на првата голема заблуда во конзервативното лекување. Сите надворешни методи на третманот се насочени кон вкочанетоста на тој мускул и имаат за цел да го опуштат, релаксираат. Уште еднаш напоменувам дека мускулот не е извор на болката, па според тоа и методите на лекување се погрешни и неефикасни. Се работи за рефлексен, несвесен, одбранбен механизам на заштита на зглобот кој нема да попушти сè додека не се растовари зглобот. Сите третмани обично прекинуваат веќе при втората тераписка сеанса со зголемување на болката.

Ние во „Ре-Медика“ треманот на лумбаго го имаме конципирано во два дела кои се нераздвојни и одат во комплет. Едниот без другиот дел не носи успех во лекувањето.

  1. Смирување на надразнетиот зглоб кој предизвикува болка.
  2. Поткрепа на зглобот да не доаѓа повеќе во положба на прекумерни движења.

 

СМИРУВАЊЕ НА ЗГЛОБОТ КОЈ ПРЕДИЗВИКУВА БОЛКА

Пациентот обично со над 90 проценти прецизност ја посочува најболната точка, еднострано или обострано, покрај ‘рбетот. Тоа место го наоѓаме под КТ (компјутери- зирана томографија), правиме некои корекции за да најдеме најдобар пристап до зглобната пукнатина на болниот зглоб и повторно под контрола на КТ, во неа аплицира- ме прво локален анестетик. Тоа е т.н. дијагностички дел, кога треба да добиеме одговор од пациентот дали болките се изгубиле. Ако тоа го потврди, тогаш сме сигурни дека тоа е зглобот кој предизвикува болка (во над 95 проценти од нашите случаи е погоден зглобот кој предизвикува болка). Веднаш почнуваме со апликација во него, во зглобната пукнатина, комбинација од кислород и озон, а потоа и на кортикостероид. Двата агенси се аплицираат само во зглобот, никако системски. Се работи за безболна метода кај поосетливите пациенти може да се даде и локална анестезија на кожата, третманот трае помалку од 30 минути и пациентот веднаш потоа си оди дома. Тоа е т.н. тераписки дел, кој се одвива под контрола на КТ.

Поткрепа на зглобот да не доаѓа повеќе во положба на прекумерни движења. Сите овие лекови кои се аплицираат во зглобот носат само краткотрајно олеснување од неколку дена. Болките се враќаат брзо доколку со комплетно нова позиција на телото, која е во тотална спротивност со досегашниве препораки, не се покрепи зглобот, односно не се врати во движења во своите физиолошки граници. Тоа им се предочува на сите наши пациенти кои ќе побараат помош кај нас. Со тоа се постигнува скоро комплетно повлекување на болката, се намалува можноста за нов силен напад, а ако веќе не се внимава и се добие нов напад, пациентот може истиот прво да го ублажи, а за брзо и да го отстрани. Работната способност скоро во целост се враќа на претходното ниво, се внимава од прекумерните движења во половината како и од секојдневните активности. По оваа тераписка метода пациентите се праќаат на физикална терапија со цел да се зајакнат мускулите исправувачи на ‘рбетниот столб како идна поткрепа на целиот ‘рбет.

Leave a reply