Превентивните медицински прегледи на вработените се обврска на работодавците

Со задоволство Ве известуваме дека покрај големиот број на услуги што ги нуди ПЗУ Ре-Медика ви нудиме и услуги од примарна медицина и здравствени прегледи за вработени кои се вршат од страна на овластена специјалистичка здравствена установа од областа на медицина на трудот во склоп на ПЗУ ПРИМА-МЕД при што се користат податоци од изјавата за безбедност на работодавачот, а истите се вршат како: претходни, периодични, насочени и систематски прегледи согласно законот за безбедност и здравје при работа (Службен весник на Р.Македонија 171/10) од 30.12.2010 и уредбата од Службен весник бр.60 од 24.04.2013.

Здравствените прегледи на вработените, познати како систематски прегледи, се прават во овластена здравствена установа од областа на медицината на труд. Во тимот на ПЗУ,,Прима-мед’’, каде што се извршуваат систематските прегледи, се вклучени доктор специјалист по медицина на труд и медицинска сестра. Медицинската сестра Сања Милановска вели дека сестрата со професионален пристап е должна да го спроведе пациентот и да ги направи потребните прегледи врз основа на која подоцна докторот специјалист по медицина на труд, ќе ја оцени работната способност на пациентот.

Нашата ординација, која располага со врвна медицинска oшрема и технологија, овозможува да се извршуваат најсовремени систематски прегледи при што се добиваат точни и брзи резултати. Основните елементи на систематскиот преглед кои треба да ги направи медицинската сестра се спирометрија, аудиометрија и ЕКГ. Се започнува со евидентирање на пациентите во дневникот за систематски прегледи. Потоа се пристапува кон испитување на белодробната функција со одредување на белодробниот волумен и капацитет, односно се врши спирометрија со помош на апаратот спирометар. Притоа е важно испитуваното лице да ги следи инструкциите што ги дава медицинската сестра и да соработува за да се добијат технички исправни и точни резултати – вели Милановска. Понатаму се пристапува кон испитување на функцијата на сетилото за слух со помош на тонална луминарна аудиометрија, која претставува современа и многу прецизна метода со фреквенции на поедини тонови. Аудиометриското испитување се врши во посебно подготвена тивка кабина, изолирана од другите простории, каде што не се слушаат надворешни шумови и бучава. Испитувањето се врши на двете уши поединечно, што овозможува увид во квантитативното и квалитативното губење на слухот – вели Милановска.

Електрокардиографскиот наод во мирување (ЕКГ) претставува графички запис на срцевата електрична активност, односно на промените на електричниот потенцијал на ниво на срцевите клетки. Електрокардиограмот се снима во 12 конвенционални одводи и тоа: биополарни стандардни одводи, униполарни засилени одводи и униполарни претсрцеви одводи.

Leave a reply