Од неодамна Ре-медика го доби светски признатиот сертификат за уртикарија со што се акредитира како болница што ги исполнува сите критериуми за третман и нега на пациенти кои ја имаат оваа болест.

 

Што преставува сертифактот за Одделот дерматологија во Ре-Медика болницата?

GA²LEN  – Глобалната европска мрежа за алергии и астма, неодамна започна програма за развој, интеракција и акредитација на референтни центри за посебни области на алергија т.е формирање на врвните центри за алергија.

Првото избрано подрачје е уртикарија. Уртикаријата е честа состојба и може да биде предизвик и за пациентите и за лекарите кои ги лекуваат, особено кога е хронична. Центрите на референца и квалитет кај уртикарија (UCAREs) може да помогнат да се подобри менаџментот на лекувањето на овие состојби како што е уртикаријата.

Ре-Медика е првата болница која е сертифицирана во одделот дерматологија во Македонија и на балканот и ги исполни целите, барањата и резултатите во процесот на аплицирање за референтен центар за квалитет во лекувањето на уртикаријата идентичен со стандарите и протоколите на врвните европски и интернационални центри за уртикарија.

Алергиските болести на кожата се најчеста патологија во дерматолошките ординации, а меѓу нив најфреквентна е Уртикаријата. Оваа болест се карактеризира со појава на уртики (меури, црвенило, придружени со јадеж и нелагодностна пациентите). Причини за појавувањето на оваа болест се многу комплексни. Можат да бидат вклучени разни имунолошки неимунолошки механизми. Се појавува и во детска возраст, но и кај возрасна популација. Токму и критериумот за добивањето на оваа акредитација беше мултидисциплионарен тим кој секако Ре-Медика го има, но и професионалниот пристап  за секој пациент поединечно. Затоа секој пациент со нејасностии или состојби кои ги има задолжително да побара лекарска помош за да добие адекватна медицинска терапија и третман.

 

Како се одвиваше постапката за станување акредитиран Центар за уртикарија?

Самиот процес траеше 2 години преку исполнување на веќе дефинирани барања, стандарди и критериуми.

Предизвик и чест и огромно задоволство е да целокупната работа како дерматолози е веќе и поткрепена сертифицирана и оценета од страна на врвни експерти во областа на уртикаријата, а со тоа ја ставаме и Македонија на исто ниво во давањето на квалитетна здравствена заштита.

Тимот во одделот дерматологија во Ре-медика е постојано во процес на усовршување и следење на светските достигнувања во областа на дерматологијата.

 

Што е следно?

Во тек е постапката и за акредитација и сертификација на идентичен центар како и уртикарија, а тоа е атопијата т.е. атопискиот дерматит кој како и уртикаријата е најчеста дерматолошка состојба за која се вклучени не само дерматолозите туку и педијатрите. Ре-Медика контунирано прави едукации на сите овие теми не само кај пациентите за подигање на свесноста и начинот за третман и превенција на состојбите туку и пошироко во здравстената фела.

Тука ќе го напомене и отворањето на новиот Центар за коса. Центарот за коса е единствен кој нуди комплетна грижа во дијагностиката, превенцијата и лекувањето на сите состојби поврзани со губењето на косата. Први сме во воведувањето на генетски скининг за проблемите за коса како и апликацијата на ласерот Fotona во реставрација на фоликулот на влакното, како и поттикнување и одржување на косата со најмалку инвазивни техники, рамо до рамо со сите светски центри за коса. Во склоп на центарот се врши и трансплантација на коса од врвни трихолози од Турција.

Leave a reply