Баланс за Вашето здравје, тело и животен стил!

Подржан со единствен концепт, во служба на здравјето, Ре-Баланс е современ центар за превентивна lifestyle и anti–aging медицина, дел од првата општа болница Ре-Медика. Организиран во пет здравствени единици нуди сеопфатна грижа во раната детекција на причините, превенција и лекување на здравјето, одржување на хомеостазата и формата во баланс.

  • здравствен скрининг
  • исхрана
  • дебелина и слабеење
  • тренинг и вежби
  • anti-aging и wellness

Високостручен професионален тим во својата работа користи медицинкси сертифицирани материјали и апарати почитувајќи ги принципите на добрата лекарска пракса имајќи за цел да им обезбеди на пациентите холистички пристап преку примена на најсовремени методи и третмани достапни во центарот:

  • консултации и скрининг превентивни прегледи
  • профилакса и тeрапија со исхрана
  • програми за слабеење и обликување на телото
  • тренинг и третмани со медицински вежби
  • лекување и рехабилитација со вода и воздух
  • процедури и техники од anti-aging медицината и естеската дерматологија
  • третмани со масажи


ЗДРАВСТВЕН СКРИНИНГ

Важно е да се прегледаш навреме, одржувај го Твоето здравје во баланс!

Се грижиме за причините – контролните превентивни прегледи спасуваат животи, затоа профилаксата и навременато откривање на причината или болеста додека е во најлечливата фаза е врвен приоритет во скрининг програмата достапна во Ре-Баланс центарот:

  • О-Скрин/обезитас
  • Х-Скрин/метаболен синдром
  • Липидоскрин/замастен црн дроб, нарушување на мастите
  • Дијабетоскрин/предијабет и дијабет
  • Дерматоскрин/скрининг на кожа
  • Остеоскрин/остеопороза
  • Тиреоскрин/тироидна жлезда
  • Интолеранција на лактоза
  • Интолеранција на глутенНиз скрининг програмата Ве води високостручен мултидисциплинарен тим почитувајќи ја добрата лекарска пракса и холистички пристап.


ИСХРАНА

Важно е да се исхрануваш  правилно – одржувај ја Твојата диета во баланс!

Се грижиме за причините – неправилната исхрана е најзначајниот ризик фактор за дисбаланс на микробиомот, вишокот килограми или хронични нарушувања на здравјето. Затоа тераписката диета е медицинска грижа кај дигестивните нарушувања, атеросклерозата, замастениот црн дроб, дислипидемиите, хормоналниот дисбаланс, како и кај најголемите здравствени епидемии на шеќерна болест и кардиоваскуларни заболувања, некои видови на канцер. Исхраната во периодот на пубертет и адолесценција, бременост и доење, во периодот на напредната возраст претставува нутритивна грижа на специјализираниот тим преку достапни персонализирани и индивидуални планови на исхрана:

  • Тераписка диета
  • Исхрана во пубертет и адолесценција
  • исхрана во бременост и доење
  • Исхрана во напредната возраст


ТРЕНИНГ и ВЕЖБИ

Важно е да се движиш – одржувај го твојот ритам во баланс!

Се грижиме за причините – физичката неактивност и седетерниот стил на живот се вбројуваат меѓу првите најчести ризик фактори за настанување на повеќе здраствени нарушувања, истовремено е и честа последица заради ограничена мобилност при разни повреди и болести. Затоа, соодветениот тренинг и третманите со вежби и рехабилитација достапни во Ре-Баланс центарот, изведени од специјализиран стручен тим се првата линија на третман и одржување на кондицијата и формата во баланс.

  • Тренинг
  • Вежби
  • Рехабилитација


ДЕБЕЛИНА и СЛАБЕЕЊЕ/Weight loss clinic

Важно е да се грижиш за вишокот килограми – одржувај ја Твојата тежина во баланс!

Се грижиме за причините – нудиме сеопфатен пристап и комплетно решение за вишокот килограми, да воведете нови подобрени навики во животниот стил кои ќе обезбедат долготраен баланс на здрава телесна тежина и оптимални телесни пропорции.

  • превентивни и тераписки лајфстајл програми
  • програми со медицински третмани
  • алурион гастричен балон програм
  • антиејџинг и естетски програми за слабеење и помош при целулит и стрии
  • велнес програми со медицинска бања, хидротерапија и водена масажа
  • баријатричен/ метаболен хируршки програм
  • програми за контрола на телесна тежина во пубертет и адолесценција

Низ програмите за целосно подржана грижа за безбедно слабеење и обликување на телото Ве води високостручен мултидисциплинарен тим.


ANTI-AGE И WELLNESS

Важно е да се грижиш за себе – одржувај го Твоето тело и кожа во баланс!

Се грижиме за причините – оксидативен стрес, проблеми со циркулацијата, дефекти во колагенот и еластинот на кожата, намален телесен тонус, се само дел од најчестите причини кои се во коренот на настанување на повеќе кожни и хронични нарушувања.

Затоа преку супериорната технологија која ги спојува топлината, водата и воздухот во единство, во Ре-Баланс центарот, на пациентите им се достапни најсовремените антиејџинг и естетски процедури, масажни третмани, како и современ спа ресорт со џакузи, инфрацрвена и финска сауна, турската бања и базен кои ќе обезбедат ослободување од хронична болка, стрес, намалување на телесната тежина, длабинска детоксикација на кожата, подобрена циркулација и имунитет одржувајќи го во баланс физичкото и ментално здравје.

  • anti-aging и естетски третмани
  • масажи
  • СПА (базен, џакузи, турска бања, финска и инфрацрвена сауна)
Leave a reply