Д-р Јован Ефремовски, гинеколог-акушер и шеф на родилни сали

Родилните сали во „Ре-Медика“ се целосно адаптирани на потребите на самиот чин на породување со имплементација на врвни медицински стандарди. Секојдневно, 24 часа, високопрофесионалниот тим на Ре-Медика посветено работи за да овозможи врвна грижа во моментите кога животот се раѓа.

При секое породување, независно дали е царски рез или природно породување, тимот во родилните сали на „Ре-Медика“ го сочинуваат: гинеколог-акушер, сестра-акушерка, анестезиолог и неонатолог. Освен што го водат и го контролираат породувањето, тимот се грижи и за мајката, и за новороденото, подготвени се да се справат и со најкомплицираните сoстојби.

Родилните сали работат по врвни стандарди, што на идните мајки им влева голема доверба и најважно, тие може да бидат спокојни и за себе, и за породот. Стручниот тим е многу искусен и со голем стаж во работата. Тоа што и мајката и бебето се згрижени и се во сигурни раце многу значи за идните родители.

 

ДА СЕ ПОБЕДАТ СТРАВОТ И СТРЕСОТ

Македонка Ристовска, главна сестра на Одделот за гинекологија и акушерство

Породувањето е природен процес, но секогаш предизвикува стрес и страв кај бремената жена.

„Жената стои како капија, како на влезот така и на излезот од овој свет“. Со оваа мисла на нобеловецот Иво Андриќ го почна разговорот д-р Јован Ефремовски, гинеколог-акушер и шеф на породилни сали во „Ре-Медика“. Со акушерство се занимава уште од почетокот на 1980-тите години.

– Секогаш ме водела мислата на Андриќ. Кај нас, жената може да дојде во секој момент и да се чувствува како дома, секогаш сме достапни за неа. Опремени сме со врвна апаратура и опрема, имаме еден од најискусните тимови лекари. Не се занимаваме само со породување. Имаме комплетна заштита за жената уште пред да остане бремена. Кај нас може да се водат целата бременост, породувањето и постнаталниот период. Со тоа ние имаме комплетен увид во нејзината состојба во нејзината состојба и на некој начин и даваме сигурност. Поро- дилните сали во „Ре-Медика“ се едни од најубавите во Европа. Сместено е на прекрасно место, меѓу десетици хектари шума, има интима, има добар пристап – вели д-р Ефремовски. Во текот на бременоста, а и кога ќе почне породувањето, дел од напорите на медицинскиот тим е да и помогнат на жената да ги победи стравот и стресот. Секоја родилка е посебна и многу важна за секој од нас, затоа и третманот кон потребите за секоја родилка е со посебно внимание, нега и грижа. Најголем акцент даваме да го отстраниме стравот, како психолошки така и со терапија. Стравот е најголемата пречка за успешно и лесно породување. Тој предизвикува стрес, стресот го потенцира стравот и одиме во круг. На трудниците со внимание им појаснуваме дека бременоста не е патолошка состојба, тие не се болни. Тоа е посебна состојба што треба да се изоди, да се помине. И самото породување е природен чин, механизмот е одамна познат – објаснува д-р Ефремовски.

Иидните родители секогаш се добредојдени „Ре-Медика“, за да ги разгледаат родилните сали, за да се уверат во одличните услови и за да го запознаат тимот. Тоа, секако, позитивно влијае во справувањето со стравот, а секако и влева доверба кога лично ќе се запознаат со персоналот и со условите. Немаме клише во однесувањето. Секоја родилка е различена, свет за себе, мора да се влезе во положбата на секоја трудница – додава д-р Ефремовски.

 

СРЕЌНИ МАЈКИ И ЗДРАВИ БЕБИЊА

Убавото расположение е она по што не’ препознаваат, вели Македонка Ристовска, Главна сестра на Одделот за гинекологија и акушерство. Нашата улога во донесување на нов живот е навистина благородна функција. Акушерките се главна алка во нераскинливиот синџир наречен раѓање на здравјето. Секоја од акушерките има професионални компетенции да се грижи за здравјето и да пружи соодветна нега на секоја родилка и новороденчињата. Природата на нашата професија носи радост, расположението е одлично кога се работи во одлични услови и со врвен тим“ – вели Ристовска. Вели дека во болницата немало ниту една пациентка што си заминала со инфекција на рана. „Тој процент кај нас е нула. Сето тоа е резултат на врвните услови што ги даваме. Во текот на процесот жените не се загрижени, затоа што знаат дека за секоја ситуација болницата има решение.“ – вели главната сестра.

„Менталната слика на жената и подготовката за контракции и породување влијаат врз процесот на породување. Таа добива инструкции за дишењето, објаснување на положбите за породување. Акушерката прави процена во која фаза од породувањето е родилката, која положба на телото е најефикасна, тоа е меѓусебна соработка – додава Ристовска.

За сите прашања и информации околу нашиот Одделот за гинекологија и акушерство јавете се на телефонските броеви: 02 2603 100 и 072 443 200 и посетете не’ во секое време!

Leave a reply