Породување - Ре Медика | Poroduvanje - Re Medika

Политика за квалитет на лаборатории - РЕ-МЕДИКА
За прв пат на Балканот, ексклузивна интервенција изведена при Одделот за Урологија и Абдоминална Хирургија во ПЗУ Ре-Медика. Особено се гордееме со нашиот тим предводен од Професор Владимир Којовиќ кој ја изврши првата Лапароскопскa Сигмоидна Вагинопластика кај девојче со вродено отсуство на вагина.    Ре-Медика на шестиот интернационален конгрес на Анестезиолози, кој се одржа од 24-27 Октомври 2019, активно учество земаа и дел од тимот на анестетичари од нашата болница. Иван Наунов, Елена Паризова и Теодора Ивановска изнесоа тема, разработена за конгресот „Џет вентилација“ која всушност е техника на вентилирање која што се работи само во нашата болница при специфични хируршки интервенции.     Единствено во Ре-Медика, тимот на спортска медицина од медицинската компанија за ортопедски хируршки материјали Zimmer Biomet, на источна и југоисточна Европа отвара патишта во Македонија. Првите ортопедски интервенции, реконструкција на ротарна манжетна на рамо, се иведени во јуни оваа година во Ре-Медика од страна на доктор Димитар Споа, ортопед-хирург.    Во април започна со работа аптеката „Данеа-Фарм“. Сместена е во главниот хол на болницата „Ре-Медика“ и е достапна до сите пациенти секој ден од 9-18 часот и секоја сабота од 10-14 часот.    ПЗУ Ре-Медика, оддел неонатологија, го оформи Центарот за едукација на родилките при доење со успешност 98%.    Ре-Медика е прва болница во РМ која е наградена за најдобри општествено одговорни практики.    Во Ре-Медика се роди првото бебе во РМ од смрзната јајце клетка.    ПЗУ Ре-Медика, оддел неонатологија, во целост го спроведува концептот Постпартален третман на новородени со примена на принципите за „Болница пријателка на бебињата“    Ре-Медика е прва општа болница во РМ која ја примени стеротаксичната биопсија.    Ре-Медика е првата општа болница во РМ која се здоби и во континуитет го одржува сертификатот за квалитет согласно ISO 9001:2008    ПЗУ Ре-Медика за својот одговорен бизнис према пациентие и општеството прогласена за национален шампион за 2013/2014 година од страна на Европската бизнис комисија.    ПЗУ Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија основана во 2005 година и со тоа за прв пат се поставени темелите за светски стандарди и протоколи за здравство, за што доби награда за најдобра инвестиција во југоисточна Европа.    Лабораторијата за Ин Витро Фертилизација при одделот гинекологија и акушерство е првата лабораторија на Балканот и меѓу ретките во Европа која се здоби со сертификат за квалитет и компетентност согласно стандардот ISO 15189:2013. Со истиот сертификат се здоби и дијагностичко-биохемиската лабораторија на болницата.
  • Закажeте преглед

    Искористете ја нашата онлајн форма и закажете преглед кај Вашиот доктор.
  • Пронајдете доктор

    Пронајдете го Вашиот доктор, информирајте се за неговото искуство и направете го вистинскиот избор.
    пронајдете доктор
  • Систематски прегледи