Дали постои потреба од вакцини во денешни услови на добра хигиена, санитација и исхрана?

Вакцините се неопходни. Добрата хигиена и санитација, чистата вода и квалитетната исхрана не се доволни целосно да ги сопрат заразните заболувања. Сите овие фактори донекаде ги штитат луѓето од заболувања, но сепак тие се шират без оглед на тоа колку е чиста околината во која живееме. Најголемото намалување на стапката на болести кои може да се превенираат со вакцина се случило по воведувањето на соодветната вакцина.

Дали треба да се прима вакцина против заболувања кои ги нема во нашата земја?

Иако заболувањата кои може да се превенираат со вакцина не се присутни во голем број земји, инфективните агенси коишто ги предизвикуваат (вируси, бактерии) сè уште циркулираат во одредени делови од светот. Во денешниот свет на лесно достапни патувања тие можат многу лесно да преминат која било граница и да инфицираат некој што не е заштитен. Во многу европски земји се јавуваат епидемии на мали сипаници кај невакцинираната популација.

Дали некои здравствени состојби може да ја одложат вакцинацијата?

Секогаш кога прима вакцина, детето треба да биде здраво и во добра општа состојба. Потребно е да го информирате вашиот избран лекар (педијатар) ако вашето дете е болно или има висока температура, ако имало силна реакција на претходно примената вакцина, ако има некој вид алергија и ако зема лекови кои имаат влијание на неговиот имунитет. Овие здравствени совети не мора секогаш да бидат причина за одложување на вакцинацијата. Лекарот ќе процени кои вакцини и кога треба да ги прими вашето дете.

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕ СЕКОЈ РОДИТЕЛ?

Може ли на детето да му се дадат повеќе вакцини одеднаш?

Постојните научни докази покажува ат дека давањето неколку вакцини во еден ден нема негативен ефект на детскиот имунолошки систем. Бебињата се изложени на „имунолошки

предизвици“ уште за време на раѓањето. Минувајќи низ родилните канали на мајката и со првото вдишување тие веднаш се колонизирани со милиони бактерии, но не се разболуваат затоа што нивниот имунолошки систем е способен да се справи со тоа. Мајчиното млеко и доењето многу помагаат во овој процес. Новороденчиња постојано произведуваат антитела против бактериите и вирусите со кои секојдневно доаѓаат во контакт. Само преку актот на хранење се воведуваат голем број различни антигени во телото, додека голем број бактерии живеат во устата и во носот. При обична настинка детето е изложено на поголем број антигени отколку при вакцинација. Вакцините окупираат само мал дел од способноста на имунолошкиот одговор на бебето. Иако денес децата добиваат многу вакцини, тие се произведуваат на тој начин да содржат помал број антигени отколку порано. Важна предност при давањето повеќе вакцини одеднаш е намалениот број убоди и можноста за придружни реакции, како и намален број на посети на лекар.

 

Какви реакции може да се појават по примањето на вакцината/те?

Кај некои деца може да се јават реакции како што се умерено покачена температура, црвенило, подуеност, оток или други локални реакции на местото на убодот, односно на местото каде што

Марина Поп-Лазарова педијатар, шеф на педијатрија и неонатологија

Марина Поп-Лазарова педијатар, шеф на педијатрија и неонатологија

била ставена вакцината. Некои деца може да бидат плачливи, раздразливи и да се однесуваат не- вообичаено. Овие реакции не треба да загрижуваат, бидејќи се минливи.
Каква е врската на вакцините со аутизмот?
Причините за аутизам сè уште не се добро познати. Родителите за прв пат ги препознаваат знаците на аутизам помеѓу 18 и 24-месечна возраст, период кога веќе сите вакцини се примени, поради што ги обвинуваат вакцините. Експертите за невролошки развој можат да препознаат знаци на ау-тизам на многу помала возраст, пред родителите да можат да ги забележат. Студијата која во 1998 година го подигна сомнението дека постои одредена поврзаност помеѓу вакцината против мали сипаници, рубеола и заушки (МРП) и аутизмот, подоцна се покажа дека има сериозни пропусти и дека е лажна. Објавениот труд бил повлечен од списанието, но за жал, паниката која ја предизвика беше причина за пад на опфатот со оваа вакцина и за неколку последователни епидемии од овие заболувања. Не постои научен доказ за поврзаност помеѓу МПР-вакцината и аутистичните нарушувања.

Дали вакцините се 100 проценти ефикасни?

Антивакциналните кампањи често посочуваат дека вакцините не штитат 100 проценти од заболувањата, па затоа не треба да се примаат. Експертите никогаш не тврделе дека вакцините штитат 100 проценти, како и сите преостанати лекови. Вакцините се многу ефикасни кога се даваат соодвет-но според утврден распоред и тоа од 80 до 100 проценти, во зависност од вакцината. Но иако не нудат 100-процентна заштита, дури и ако дојде до заболување, детето кое е вакцинирано ќе има многу полесна клиничка слика од детето кое не ја примило соодветната вакцина.

Leave a reply