Веќе 20 години трае процесот на брз развој на техниките на MISS – / Minimally Invasive Spine Surgery/, (минимално инвазивна хирургија на рбетниот столб). Целта на секоја нова техника е да се најде најкраткиот и најсигурниот пат до болниот процес, без оштетување на околните анатомски структури и сето тоа да се напарави во состојба без болка – со локална, потенцирана или регионалната анестезија, т.е. без примена на општа анестезија. Некои од  овие постапки ги искористат природните отвори кои ги има во рбетниот столб, се поминува низ нив без да истите да се  оштетат, за да може да се стигне до болниот процес доколку истиот  е сместен  подлабоко или дури и во внатрешноста на рбетниот канал.

Тимот на „Ре-Медика“ на чело со д-р Бранко Блажевски, неврохируг е лидер и единствена институција во земјава која ги применува овие техники. Др. Бранко Блажевски е доктор на науки со докторска дисертација за лумбална дискус хернија, како и со сетификат од Втор степен за MISS /Minimally Invasive Spine Surgery/ – минимално инвазивна хирургија на рбетниот столб.

Дискусот како најзначаен анатомски елемент на рбетот кој учествува во амортизација на сите сили на оптоварување на ‘рбетот е составен од два дела: надворешен прстен кој е исклучително комапактен и жилав AF (ANNULUS FIBROSUS) и внатрешен, централен мек дел кој е набиен под притисок и кој служи за амортизација на силите на оптоварување на рбетот – NP (NUCLEUS PULPOSUS).

Се додека дискот може да ги поднесува силите на оптоварување на ‘рбетот, тој  ја врши својата функција без притисок врз околните структури, посебно нервните корења  кои се во близина и кои се задолжени за инервирањето на мускулите на ногата и нивна правилна функција. Кога силите на оптоварување го преминат капацитетот на амортизација и компензација на дискусот, централниот дел, NP /NUCLEUS PULPOSUS/ почнува да се придвижува кон страната на помал отпор. Така настанува ДИСКУС ХЕРНИЈА.

ЛУМБАЛНАТА ДИСКУС ХЕРНИЈА или ДИСКУС ХЕРНИЈА ВО СЛАБИНСКИОТ ДЕЛ ОД РБЕТОТ е заболување на дискусот, кое настанува поради прекумерно оптоварување на истиот и поради стареењето на неговите структурните делови означено како процес на дегенерација. Резултатот на сево ова е придвижување на средишниот мек дел,  NP /NUCLEUS PULPOSUS/ кон страната на помал отпор. При ова придвужување еден дел од него се испакнува и доаѓа до притисок врз околните нерви, а  тоа се манифестира како болка по должината на ногата – ИШИЈАС. Покрај механичкиот притисок врз нервот има и т.н. ХЕМИСКА компонента на ИШИЈАСОТ која се јавува поради присуство на хемиски супстанции – медијатори, кои се лачат од околината и кои исто така го дразнат нервот предизвикувајќи ја истата болка или појачувајќи ја истата.

Според зачуваноста или оштетувањето на целовитоста на AF, дискус херниите се делат на:

  • CONTAINED /под контрола/ диск хернија, кај кои AF не е пробиен, /кај нас устален назив е DISC PROTRUSIA
  • NON-CONTAINED /без контрола/ диск хернии, кај кои има отвор во AF и продор на ткивото на NP низ него / кај нас устален назив е DISC EXTRUSIA/.

Целта на процесот на лечење на лумбалната дискус хернија е:

  1. да се отстрани притисокот врз нервот преку  намалување  или комплетно отстранување на материјал на NP /NUCLEUS PULPOSUS/ кој врши притисок на нервот,
  2. да се отстранат хемиските супстанции кои го дрaзнат нервот,
  3. да се зачува структурата на дискот.

Сево ова упростено значи дека треба да се влези во средината на дискусот, да се намали притисокот во NP, а да при тоа не се направи отвор во AF. Оштетувањето на AF  ќе ja наруши КОМПАКТНОСТА И ФУНКЦИЈАТА на дискусот со пореметување на неговата функција. Сево ова ќе има значајни последици врз стабилноста на ‘рбетот. Доплнителна компликација кај оштететниот AF е веројатноста да се појави нова дискус хернија кај 8 – 15% од оперираните пациенти што би водело кон нова операција.

Со процедурите на MISS во внатрешноста на дискот се влегува со игла која НЕ ОСТАВА НИКАКВИ ОШТЕТУВАЊА во структурата на AF, а да при тоа се постигнува намалување на ткивото и притисокот во NP.

Во нашава болница во примена се два тремани на MISS:

  1. PLDD / перкутана ласерска диск декомпресија/
  2. О2/О3 диск декомпресија / ОЗОН хемонуклолиза/.

И обата се прават кај сосема буден пациент, во локална и потенцирана анестезија.  За цело време на апликацијата мора да има вербален контакт со пациентот кој помага во позиционирање на инструментите за работа.    

PLDD / перкутаната – преку кожа, ласерска диск декомпресија/ се прави со диоден ласер. Под РТГ контрола се пласира оптичкото влакно преку тенка игла во внатрешноста на дискот и со високата  температура која ја ствара ласерот на врвот на влакнотo се “ вари “ дел од NP.   Целта на постапката е да се “поремети, расипи” ХИДРАУЛИЧКИОТ систем во внатрешноста на дискот.  Со таа нова состојба ќе нема повеќе НАПНАТОСТ во дискот, па така еден дел од дискот  под притисок на неоштетениот  AF се повлекува према центарот и се отстранува притисокот врз нервот. Нема никакви оштетувања на AF после отстранувањето на иглата. Пациентот ја напушта болницата наредниот ден.

Заради физичките карактеристики на оваа техника се избираат само оние дискус хернии кои имаат зачуван AF, т.н. CONTAINED /под контрола/     –  дискус хернии, кај кои AF не е пробиен, сеуште е зачуван. Процентот на успешност на оваа техника во лекувањето на дискус хернијата е преку 80%.

Другите видови т.н. NON-CONTAINED диск хернии, кај кои има отвор во AF и продор на ткивото на NP низ него, или има слободено парче кое излегло надвор од дискот, не се погодни за ваков вид на треман.

О2/О3 диск декомпресија, или позната како ОЗОН хемонуклолиза, е постапка со која во NP на дискот се уфрла гас преку тенка игла,  кој е составен висока концентрација на кислород и ниска концентрација на ОЗОН. Како резултат на хемискиот процес доаѓа до оkсидација на протеогликаните, протеини кои врзуваат вода, па така се добива едно т.н. сушење на дискот.  Од друга страна ОЗОНОТ делува така што го стумулира ствaрањето на КОЛАГЕН во дискот, со што се  избегнува негово комплетно унуштување. При оваа интервенција нема никакви оштетувања на AF , а пациентот си оди дома 3 часа после интервенцијата.

И кај оваа интервенција најпогодни се дискус херниите кои се контролирани, CONTAINED. Кај нив успехот во лечењето е преку 80%.

Другиот вид на дискус хернија т.н. NON-CONTAINED /излезен дискус материјал  без контрола/, кај кој има отвор во AF и продор на ткивото на NP низ него, исто така можат да се третираат со оваа техеника но резултатите на успешност се околу 40 – 60%.

Процесот на хемиско или термичко намалување на NP трае околу 2 -3 месеци, па и тогаш се очекуваат и дефинитивните резултати од овие процедури.

Постои можност за комбинација на обете техники при што се постигнуваат подобри резултати.

За да се намали болката додека трае овај процес, во близината на нервот кој е притиснат од дискот се дава кортикостероид со продолжено дејство со што се добива инстант намалување или губење на болката преку елиминација на т.н. медијатори кои даваат т.н. ХЕМИСКИ ИШИЈАС.

Нашиот тим бескомпромисно се придржува кон  ИНДИКАЦИИТЕ за примена на овие техники. Двата третмани се изведуваат во операциона сала, во стерилни услови и под контрола со РТГ апарат. Пациентот добива и слика директно од екранот на РТГ апаратот со неговото име и презиме, со положбата на иглата за време на третманот.

Текст  за НАСЛОВНАТА СТРАНА со моја слика со рбет и игла во раката како демонстрирам влез во рбетот.

  • Мининално инвазивни методи во лекувањеето на  ДИСКУС ХЕНРИЈАТА – единствени кај нас
  • Лекување на БОЛКАТА ВО ПОЛВИНАТА – LUMBAGO, единствени во светот со оригинална метода.
Leave a reply