Бебињата уживаат да ги масираат. Затоа е потребнода изберете моменти кога вие и вашето бебе сте мирни и спокојни. Се препорачува тоа да биде половина час по оброкот. Бидете сигурни и дека во собата е доволно топло.

Соблечете го бебето целосно, а ако времето е поладно или влажно покријте ги деловите од телото што не се масираат.

Ставете го бебето намека подлога за да се чувствува удобно и сигурно. Ставете малку крем на рацете и протријте за да бидат меки и топли.

Во основа масажата се изведува од главата кон прстите на нозете. Со меки и нежни допири се масираат главата, лицето, рамената,  рацете, шаката со прстињата, градите, стомакот, нозете сè до прстињата на стапалата. Со масажата ги стимулирате сите сетила и се создава поинтензивна визуелна и опиплива комуникација.

ТЕХНИКА НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА МАСАЖАТА

Пред да започнете со масажата затворете ги очите и притиснете ги очните капаци. Притисокот што треба да го употребите примасажата треба да биде ист како и притисокот на очните капаци, а да не почувствувате болка. На помалите места масирајте со врвовите на прстите, а на поголемите со внатрешната страна на дланката.

ГЛАВА

Масирајте почнувајќи од челото, слепоочниците и базата на черепот, веѓите и очните капаци, носот, образите, пределот околу устата, ушите и околу ушите. Продолжете кон вилицата и предниот дел на вратот, рамената и градите, притоа правете мали движења и масирајте го задниот дел на вратот со бавни движења надолу кон рамената.

РАЦЕ

Направете прстен со прстите и палецот околу раката на бебето. Почнете да го масирате околу пазувите и продолжете надолу по раката. Внимателно масирајте го лакотот поради големата осетливост на истиот. Во рачниот зглоб масирајте со кружни движења.

СТОМАК И НОЗЕ

Масирајте го стомакот со кружни движења во насока на движење на стрелките на часовникот и притоа почнувајќи од под ребрата. Милувајте ја секоја нога со цела дланка, притиснете нежно на бутовите. Лесно свиткајте ги нозете во колената притискајќи ги бедрата нежно наспроти телото.

ГРБ

Свртете го бебето на стомак. Почнете со големи и бавни движења почнувајќи од вратот, грбот и нозете, секогашво една насока. Масирајте со кружни движење со врвовите на прстите од двете страни на ‘рбетниот столб. Ставете ги дланкитена ‘рбетниот столб и вашето бебе ќе почувствува топли сензации. Ставете ги дланките горе на нозете и почнете да масирате надолу кон стапалото по должината на целата нога.

ПЕТИЦИ И СТАПАЛА

Почнете со слаб притисок на секој прст, потоа на стапалата и повторно секој прст. Петиците масирајте ги со кружни движења. Понекогаш масажата на стапалата може да ја намали стомачната болка.

СОВЕТИ

Масирајте секогаш кога сакате да поминете пријатни моменти со вашето бебе.Немојте да се откажувате ако вашето бебе не сака да соработува, пробајте повторно подоцна.

Leave a reply