Породување - Ре Медика | Poroduvanje - Re Medika

РЕМЕДИКА СТРУМИЦА - РЕ-МЕДИКА
  • Адреса

    Ул. Братство единство бр.29

  • Работно Време

    Пон – Пет: 8ч до 16ч
    Сабота: 8ч до 16ч
    Недела: 8ч до 16ч

Испрати Порака







    Менаџментот на ПЗУ Ре-Медика најостро ги демантира и осудува лажните текстови на некои интернет портали за наводното продавање на болницата на други сопственици.

    Со ширење на вакви лажни информации и невистини тенденциозно се нарушува угледот на болницата, довербата на пациентите кон болницата и генерално довербата во приватниот болнички систем во Македонија. Од друга страна се нанесува штета на меѓучовечките односи меѓу вработените во болницата, се со една цел за нејзино комплетно дискредитирање и нејзино уништување.

    Сакаме да ја увериме јавноста, дека сопствениците на ПЗУ Ре-Медика ниту размислуваат ниту во моментов преговараат со било која страна за промена на сопственоста на болницата.

    Со почит, Менаџмент ПЗУ РЕ-МЕДИКА