Породување - Ре Медика | Poroduvanje - Re Medika

Известување - РЕ-МЕДИКА

Во оваа прилика, ги известуваме сите наши пациенти, соработници и колеги од дејноста за која е регистрирана нашата установа како прва приватна општа болница Ре-Медика, дека од своето основање до денес законски се регулирани сите договори за соработка со сите надлежни органи за селекција и собирање на отпад согласно сите законски прописи и регулативи. Соработката по однос на секојдневното работење е на високо ниво и секогаш проследена со контроли од страна на сите надлежни институции на РС Македонија согласно Закон за управување со отпад („Службен весник на РСМ“ бр 63/16) и Закон за Заштита на животна средина („Службен весник на РСМ“ бр 99/18).
ПЗУ „Ре-Медика“ во своето работење има имплементирано ИСО СТАНДАРДИ кои се однесуваат како за медицинското работење МКС EN ISO 9001:2015 така и за заштита на животната средина MKC EN ISO 14001:2015.
Па оттука и предмет на ова известување е да ве информираме дека во процесот на нашето работење нема простор за непрофесионалност, инсинуации и информации кои се невистинити, а слободниот пристап до ФБ овозможува ширење на таквите непроверени и непотврдени информации. Ве молиме во иднина доколку имате било какви прашања или нејаснотии, слободно да не комуницирате на нашите телефони 02/2603 259 во Службата за управување со отпад при ПЗУ „Ре-Медика“.

Ви благодариме на довербата.