Нашиот стремеж е систем кој одговара на иднината
Проф. д-р Ѓорѓи Оровчанец, ОРЛ-хирург Нашиот стремеж е систем кој одговара на иднината Она што нас нè прави препознатливи и успешни е тоа што секогаш се стремиме кон подобро, а услов за тоа се постојаната едукација, најновите технологии и современиот и срдечен пристап кон секој пациент. Тоа се методите кои се нашата водилка, вели проф. д-р Ѓорѓи Оровчанец, оториноларинголог-хирург Две децении, вие и тимот за ОРЛ-хирургиjа, сте дел од Ре-Медика, дел од нејзината модернизациіа, нејзиниот успех. Коjа е формулата да се биде дел од најдобрите?- Да се биде дел од најдобрите значи да се истакнеш меѓу најуспешните во некоја област, а за да
Прекрасно е кога ја чувствувате поврзаноста со пациентите
Д-р Наде Петановска, радиодијагностичар, шеф на Одделот за радиологија Прекрасно е кога ја чувствувате поврзаноста со пациентите Со задоволство можам да кажам дека работам со компактен тим кој е исклучително стручен во својата работа. За сето тоа така да функционира заслужни сме сите ние, но и атмосферата на соработка и професионалниот однос во целата болница, радиолошки технолози со едукација и долгогодишно искуство во работата, вели, д-р Наде Петановска, радиодијагностичар, шеф на Одделот за радиологијаКако Одделот за радиологија придонесува за целокупниот успех на болницата и грижата за пациентите?- Основата на дијагностичкиот оддел на секоја болница е радиолошкиот дел. Во нашата болница, радиолошкото одделение постои
Наградата „Најхумана медицинска сестра“ ја добија Николина Доневска и Фросина Христовска
Наградата „Најхумана медицинска сестра“ ја добија Николина Доневска и Фросина Христовска Медицинските сестри Николина Доневска и Фросина Христовска ја добија наградата „Најхумана медицинска сестра“ за минатата година во Ре-Медика. Првата приватна општа болница оваа награда ја доделува по повод Светскиот ден на медицинските сестри.Mедицинските сестри и техничари во нашата болница, вистинските херои во бело, со неизмерна посветеност, грижа и љубов секојдневно го прават светот подобро место.Врвно едуцирани, посветени во негата и лекувањето, љубезни, сочувствителни и целосно професионални значително учествуваат во унапредувањето на сестринството.Ре-Медика изразува голема почит за нивното залагање, пожртвувана работа и грижа за здравјето на пациентите.
И по 20 години го имаме истиот жар како сега да почнуваме
И по 20 години го имаме истиот жар како сега да почнуваме Две децении подоцна продолжуваме да ја надградуваме нашата визија за врвно здравство, како да сме на почетокот - со истиот жар, енергија и емпатија, а дведецениската доверба од пациентите е нашиот предизвик за висок професионализам и стремеж кон нови знаења и вештиниРе-Медика почна да ја реализира својата визија за врвно здравство на 7 април 2005 година, на Светскиот ден на здравјето. Тогаш го почнавме она по што и денес сме препознатливи - градење успешен лик на врвна медицинска установа и лик на медицински работник препознатлив по стручниот, хуманиот и
Ние сме уникантни во понудата, она што го работиме е привилегија во медицината
Проф. д-р Зоран Петановски, гинеколог-акушер, шеф на Одделот за ИВФ Ние сме уникантни во понудата, она што го работиме е привилегија во медицината Пациентите ни веруваат, се чувствуваат безбедно, сигурно и пријатно во нашата болница. Тука направивме и модерен центар за инвитро фертилизација кој испорачува висок процент на успех, а тоа се бременоста и раѓањето на детето како врв на сите наши заеднички напори, вели проф. д-р Зоран Петановски, гинеколог-акушер, шеф на Одделот за ИВФ и додава: „Горд сум што денес имаме одлични тимови на млади луѓе кои се иднината на центарот“Вие сте сведок и директен учесник во растот и развојот на
Дваесет години доверба е чест и поттик
Проф. д-р Александар Митевски, медицински директор на Ре-Медика Дваесет години доверба е чест и поттик Две децении сме здравствен партнер на нашите пациенти. Со професионализам и со постојано стручно и технолошко надградување Ре-Медика е и ќе биде она што треба да биде - една современа болница, во вистинска смисла на зборот, вели проф. д-р Александар Митевски, медицински директор на Ре-Медика и шеф на Одделот за хирургијаКако медицински директор, Ре-Медика ја водите околу две години. Како се чувствувате по повод прославувањето на 20-годишнината на болницата?- Иако две години се наоѓам на местото медицински директор, веќе осум години сум дел од Ре-Медика и ми претставува
20 години Ре-Медика: Јасна визија за врвно здравство
20 години Ре-Медика: Јасна визија за врвно здравство Со многу емоции, враќање на спомените и со пригодна свеченост, Ре-Медика, првата приватна општа болница во Македонија, го прослави својот 20-годишен јубилеј. Под мотото „Пулсираме заедно“, вработените, заедно со пријателите, претставници на државни институции и на дипломатскиот кор и бројни гости, одбележаа две децении успешно реализирање на визијата со која и е создадена болницата како место каде здравјето се раѓа.- Денес ја славиме визијата што ја започнавме во 2005 година. Токму тогаш,Ре-Медика ја започна својата приказна – приказна која ја испишавме сите заедно, со огромна посветеност, хуманост и професионализам. Уште од самиот почеток
Ре-Медика слави 20. роденден
Ре-Медика слави 20. роденден Денеска не одбележуваме само 20 години од постоењето на нашата болница, туку и дваесет години посветеност, грижа, стручност и врвни стандардии за здравјето на нашите пациенти, вели Наташа Јорданова Мауровска, директорка во „Ре-Медика“ на денешниот роденден на првата приватна општа болница. „Ре-Медика“ на Светскиот ден на здравјето го одбележува дваесеттиот роденден и со традиционалната крводарителска акција, во која и годинава вработените, пријателите и многу хумани граѓани даруваат крв за да спасат живот. Седум години од своето професионално постоење прославува и аптеката „Данеа фарм“, која работи во состав на болницата.- Како и секоја година, и оваа организираме крводарителска
Ре-Медика ги понуди своите капацитети за помош на настраданите во пожарот во Кочани
Ре-Медика, првата приватна општа болница, ги понуди своите капацитети за помош на настраданите во големиот пожар во Кочани. - Изразувајќи надлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите, со желба за брзо опоравување на повредените, веднаш, на Министерството за здравство им ги ставивме на располагање нашите капацитети - изјави проф. д-р Александар Митевски, медицински директор на болницата. Во болницата во овој момент нема сместени повредени во пожарот.
„Ре-Медика“ е лидер во венската патологија
Варикозна болест - ПРОШИРЕНИ ВЕНИ „Ре-Медика“ е лидер во венската патологија Во нашата установа изборот на третман е индивидуализиран за пациентот Проф. д-р Влатко Цветановски, кардиоваскуларен хирург Д-р Дина Цимешиќ, кардиохирург Оставени без медицински третман, проширените, варикозни вени може да доведат до сериозни компликации - оток, тромбофлебит, надворешна хеморагија, липодерматосклероза, дерматитис, пигментација на кожата или промена на бојата, индурација и улцерација. „Ре-Медика“ е лидер во венската патологија.Долги години третманот на изборот беше хируршка лигација и стрипинг, кои се покажале како многу ефективни, но исто така поврзани со значителни модринки и болка, како и долготраен престој во болница. Во нашата установа изборот на третман е индивидуализиран за