Чест е да се биде дел од овој колектив
Прим. д-р Иванка Стефановска, ортопед и шеф на Одделот за дијагностика Чест е да се биде дел од овој колектив Среќни сме што овој јубилеј, две децении Ре-Медика го пречекуваме како болница што е препознаена особено од нашите пациенти и што за овие изминати години нашиот квалитет континуирано расте. Чест е да се биде дел од овој колектив, вели прим. д-р Иванка Стефановска, ортопед и шеф на Одделот за дијагностикаПо две децении работа на Ре-Медика, како шеф на Одделот за дијагностика, можете ли да направите мал рекапитулар на тоа како се менуваше и напредуваше одделот во овој период?- Одделот за дијагностика
Ре-Медика – 20 години во служба на новиот живот
Прим. д-р Марина Поп-Лазарова, педијатар-неонатолог, шеф на Одделот за педијатрија и неонатологија „Ре-Медика“ - 20 години во служба на новиот живот Позитивните реакции кои ги добиваме, големиот број доени и здрави деца, среќни и задоволни семејства, ќе се согласите дека се голем мотив и сатисфакција за целиот персонал, вели прим. д-р Марина Поп-Лазарова, педијатар-неонатолог, шеф на Одделот за педијатрија и неонатологија Како шеф на Одделот за неонатологија и педијатрија, вие сте дел од Ре-Медика уште од самиот почеток на работењето на болницата. Како ги доживувате изминатите две децении?- Изминатите 20 години, откако е основана и почна со работа болницата „Ре-Медика“, се период
Врвен професионализам за врвна хигиена
Валентина Коркоска, одговорна на Хигиена и пералница Врвен професионализам за врвна хигиена Две децении имаме одлична тимска практика која се должи на нашата професионалност и на условите за работа кои ги имаме овде. Одржувањето на хигиената е по највисоки стандарди и по строги правила од кои зависи добрата хигиенска практика, а од која, пак, зависи сечие здравје, вели Валентина Коркоска, одговорна на Хигиена и пералницаКакво е вашето професионално искуство во Ре-Медика?- Покрај стручниот медицински дел, хигиената е од витално значење за здравјето на пациентите, на медицинскиот персонал и на сите кои доаѓаат во болницата. Јас сум вработена во Ре-Медика уште од самиот
Чувството дека сме помогнале е нашата најголема гордост
Проф. д-р Весна Петреска-Дуковска, ОРЛ-хирург Чувството дека сме помогнале е нашата најголема гордост Чувството кога ги гледаме пациентите како напредуваат во лекувањето, како закрепнуваат и како продолжуваат да живеат подобро, како и благодарноста од нив и нивните семејства се најголема награда за професионализмот и стручноста кои ние ги негуваме во Ре-МедикаДолги години сте дел од првата приватна општа болница во Македониіа. Што значи за вас да се биде дел од високо професионален тим каков што е тимот во Ре-Медика?- Да се биде дел од високо професионален тим претставува чест и задоволство, особено да се биде со тим кој има високи стандарди и
Стекнатата доверба се проширува, 20 години врвна медицинска нега
Д-р Звонко Крстевски, aнестезиолог, шеф на Одделот за анестезија и интензивна нега Стекнатата доверба се проширува, 20 години врвна медицинска нега Од самиот почеток Ре-Медика ја стекна довербата со вниманието кое се посветува кон сите пациенти подеднакво, со беспрекорната нега и лекување, и пред сè грижата. Еднаш стекнатата доверба се проширува. Јас од самиот почеток велев дека ако на пациентите им обезбедиме врвна медицинска грижа, тогаш тие тоа ќе го согледаат и ќе ни доаѓаат повторно, што и се докажа како точно сиве овие години, вели д-р Звонко Крстевски, aнестезиолог, шеф на Одделот за анестезија и интензивна негаВо годината кога Ре-Медика одбележува
Вашето здравје е наш приоритет
Д-р Симонида Котларова-Попоска, шеф на Одделот за гинекологија и акушерство Вашето здравје е наш приоритет Во моето искуство, успехот во оваа работа не се мери само со бројките, туку и со емоционалниот и професионален напредок што го постигнуваат и пациентите и персоналот. Постигнувањето на оваа хармонија значи дека одделот успешно функционира и продолжува да се развива, вели д-р Симонида Котларова-Попоска, гинеколог-акушер и шеф на Одделот за гинекологија и акушерство во Ре-Медика. Нејзината порака до пациентите е едноставна, но искрена: „Вашето здравје е наша најголема грижа, и ние сме тука за вас за да ви обезбедиме најдобра можна грижа, поддршка и третман“Две години
Нашата успешна мисија е задоволни пациенти
М-р Зоран Николовски, шеф на Оперативен блок и раководител на средномедицинскиот кадар Нашата успешна мисија е задоволни пациенти Убаво е навраќањето наназад, ни покажува колку сме пораснале. Растот се гледа и преку бројот на персонал и преку бројот и типот на успешни интервенции. Сето ова се должи на напорот кој го вложуваме и препознавањето на нашите добри намери од страна на пациентите. Во нашата работа не се дозволени пропусти, затоа и се грижиме сè да тече беспрекорно, вели м-р Зоран Николовски, шеф на Оперативен блок и раководител на средномедицинскиот кадар во Ре-МедикаВо Ре-Медика сте од првиот ден на нејзиното работење. Како
Се гордеам кога името на Ре-Медика стои до имињата на дерматолошките светски центри
Доц. д-р Наташа Теовска-Митревска, дерматовенеролог Се гордеам кога името на Ре-Медика стои до имињата на дерматолошките светски центри Во секојдневната практика, кога ги применуваме најдобрите и најновите медицински методи и алатки, гледам како пациентите добиваат видливи и успешни резултати, што ме исполнува со гордост и задоволство. Секој напредок што го постигнуваме како тим е доказ за важноста на примена на светските стандарди кои треба да бидат достапни за секој пациент, без разлика на неговата локација, вели доц. д-р Наташа Теовска-Митревска, дерматовенеролог во Ре-Медика Какво е вашето професионално искуство во првата приватна општа болница Ре-Медика?- Во изминатите 20 години работам како дел од тимот на првата
Наша грижа е пациентите да добиваат точни информации
Кети Јованоска, медицинска сестра одговорна на пултот за информации Наша грижа е пациентите да добиваат точни информации Наша цел е на пациентите да им овозможиме топол и срдечен прием за да создадеме пријатна и домашна атмосфера за време на нивниот престој во болницата. Наша грижа кон пациентите е тие да добиваат точни информации за здравствените услуги во нашата болница, точен распоред за времето на ординирање и прецизни информации кои им помагаат да се насочат на прав патКакво е вашето професионално искуство во Ре-Медика?- Во Ре-Медика сум повеќе од 10 години и слободно можам да кажам дека моето професионално искуство тука е повеќе
Нашиот стремеж е систем кој одговара на иднината
Проф. д-р Ѓорѓи Оровчанец, ОРЛ-хирург Нашиот стремеж е систем кој одговара на иднината Она што нас нè прави препознатливи и успешни е тоа што секогаш се стремиме кон подобро, а услов за тоа се постојаната едукација, најновите технологии и современиот и срдечен пристап кон секој пациент. Тоа се методите кои се нашата водилка, вели проф. д-р Ѓорѓи Оровчанец, оториноларинголог-хирург Две децении, вие и тимот за ОРЛ-хирургиjа, сте дел од Ре-Медика, дел од нејзината модернизациіа, нејзиниот успех. Коjа е формулата да се биде дел од најдобрите?- Да се биде дел од најдобрите значи да се истакнеш меѓу најуспешните во некоја област, а за да