Прим. д-р Марина Поп-Лазарова, педијатар и шеф на педијатрија и неонатологија во првата приватна општа болница „Ре-Медика“, неодамна во просториите на болницата одржа предавање во соработка со Биодерма, кои беа и иницијатори на оваа едукативна работилница. Присутните родители чии деца го имаат проблемот со атописка конституција,  имаа можност да чујат многу информации за атопискиот дерматитис. Докторката пред присутните родители и дечиња, зборуваше да причините за оваа појава, за соодветниот  третман и ги информираше родителите вклучително методите на превенција и третман  со холистички и индивидуален пристап.

Еден од причинителите, која беше посочена од нутритивен аспект, за појава на болеста е протеинот од кравјото млеко. „Кравата има одлично млеко, но тоа е одлично млеко за телето, но не и за детето“ како што беше истакнато од страна на Прим. Д-р Марина. Затоа може да направи проблем. Освен тоа, други причинители за појава на атопискиот дерматитис се јајцата, кикириките и други анутритивни алергени на кои треба да се внимава од аспект на превенција (потребни се алерголошки тестирања за откривање на осетливоста кај секое дете поединечно). Кога станува збор за третманот, специфичен третман  во суштина нема, но холистичкиот пристап е најпотребен сѐ со цел да се намалат симптомите и дисконфортот кај детето со атописки дерматит (симптоматската терапија) најчесто локална, со користење на соодветен препарат кој се нанесува на кожата неколку пати во текот на денот. Улогата на  препаратите вклучително и препаратите на Биодерма, е постигнување на соодветна влажност  и сочувување на интегритетот на кожата. На тој начин се продолжуваат „мирните фази“ кај децата. Мирниот сон е особено е важен кај децата и токму затоа во одередени случаи според проценка на лекарот (педијатар, дерматолог, имунолог) во третманот кај овие деца се користат и кортикостероидни масти со кои се намалува имунолошката реакција.

Родителите треба да знаат дека за да се спречи сувоста и иритацијата на кожата, треба туширањата да бидат кратки и со не многу топла вода (не жешка) и не секој ден, а при тоа да се користат маслени купки, препарати без парабени и парфеми – им рече докторката на родителите. Со капењето се намалува ризикот од бактериска инфекција а сушењето на кожата треба да се прави со благо тапкање. Исто така многу е важно, веќе напоменато, дека облеката треба да биде памучна, а пред првото носење мора секогаш да се испере.

Родителите треба да внимаваат и редовно да ги кратат ноктите на децата, за да не ја иритираат и инфицираат дополнително кожата со чешање. Кај децата треба да се избегнува потењето, бидејќи со тоа може да се влоши состојбата на кожата. Воедно беа посочени и ризичните фактори кои треба да се избегнуваат како полен, чад од цигари, стрес (особено чест) кај децата кога вадат заби, почнуваат во градинка-сепарација, доаѓање на ново дете во семејството и слично; внесување на доволна количина на течности; хидрирањето на детето е исто така важен момент – појасни докторката Поп-Лазарова. Околу домот, таа истакна дека тој треба редовно да се проветрува и чисти, да се елиминира редовно прашината во домот. Потоа, важно е да се редуцира контакт со кадифените играчки, но и да се намали контактот со миленичиња кај децата кај кои е најдена преосетливост при тестирањето за алергија.

Она што треба да се знае е и дека вакцинацијата кај овие деца со атописки дерматит, се одвива според редовниот календар на имунизација со претходна проценка на нивната имунолопшка и здравствена состојба.

И на крај најважно во превенција и тертманот на оваа хронична состојба, која бара време и трепение, родителите треба да бидат партнери со лекарите – потенцираше д-рката Поп-Лазарова.

Leave a reply