
Анемијата или слабокрвноста, при која страдаат сите органи поради недостиг од кислород, се јавува во повеќе видови и може да биде наследна или стекната во текот на животот
Анемија, или пошироко позната како слабокрвност,е нарушување што се карактеризира со намален број на црвени крвни зрнца (еритроцити), односно со недостиг од крвен пигмент (хемоглобин). Хемоглобинот, кој е составен дел од еритроцитите, по состав е протеин кој го пренесува кислородот од белите дробови до ткивата.За нормална функција на човековиот организам е неопходно квалитетно снабдување на органите и ткивата со кислород. При анемија страдаат сите органи поради недостиг од кислород. Се јавува општа слабост, чувство на хроничен замор, намален апетит, вртоглавица.Прим. д-р Јадранка Живковиќ, педијатар во „Ре-Медика“, објаснува дека постојат повеќе видови анемија.Најчесто застапен тип е анемија поради недостиг од железо – сидеропениска анемија. Железото е неопходно за создавање на хемоглобинот.Оваа анемија најчесто се јавува како резултат на несоодветна исхрана.
Друг вид емегалобластна анемија, илипернициозна анемија. Кај хемолитичната анемија, еритроцитите имаат генетски дефект што предизвикува нивно предвремено распаѓање. – Некои анемии се наследни, а некои се стекнуваат во текот на животот. Српестата анемија е наследно заболување кај кое еритроцитите имаат форма на полумесечина или срп, на Анемијата или слабокрвноста, при која страдаат сите органи поради недостиг од кислород, се јавува во повеќе видови и може да биде наследна или стекната во текот на животот АНЕМИЈА кај децата мај 2020 | РЕВИТА 15 место вообичаената овална форма. Таквите црвени крвни зрнца немаат доволно хемоглобин, а поради абнормалниот облик може да ги затнат тенките капилари и да го загрозат животот – вели д-р Живковиќ. Според неа, пернициозна анемија се јавува поради недостиг од витамин Б12 и најчесто ерезултатна неспособност на организмот да го ресорбира витаминот преку тенкото црево, иако тој доволно се внесува преку исхраната. Се јавува главно кај постарата популација.
КАКО ДА СЕ ПРЕПОЗНАЕ АНЕМИЧНО ДЕТЕ?
Кај малите деца анемијата најчесто се открива случајно,по земање анализи, бидејќи не знаат да ги објаснат проблемите што ги чувствуваат. Бледото лице немора да биде знак за анемија. Бојата на кожата зависи од нејзината дебелина, пигментација и прокрвеност. Ако освен лицето се бледи и усните и кожата под ноктите, би можело да се работи за анемија. Тука се и други симптоми: работата на мозокот и мускулите е побавна зашто примаат помалку кислород, па се јавува замор, раздразливост, слаб апетит и незаинтересираност за игра.Поголемите деца, пак, објаснува
д-р Живковиќ, при појака анемија се жалат на вртоглавица, зуење во уши, главоболка, срце биење, а не ретко кај нив се забележува и заостанување во растот и склоност кон инфекции. Некои деца ставаат во уста материи кои не се јадење (земја, песок, хартија).
ФИЗИОЛОШКА АНЕМИЈА
Кај новороденото и малото доенче анемијата може да е физиолошка, нормална појава поради зголемено разградување на вишокот еритроцити со кое детето се раѓа. Најчеста е во вториот или третиот месец од животот, бидејќи еритроцитите настанати во феталниот период живеат само 60-70 дена (нормално е 120), волуменот на крв брзо се зголемува бидејќи детето брзо расте, а новите еритроцити побавно се произведуваат. Кај доносените деца кои се хранат со мајчино млеко не е потребна посебна терапија. Употреба на препарати со железо доаѓа предвид само ако претпоставуваме дека кај детето резервите со железо се мали, на пример поради јака анемија кај мајката во текот на бременоста. Кај предвремено родените деца, без оглед на квалитетот на исхраната главно треба да се започне со терапија со железо по првиот месец од животот. Кај нив бројот на еритроцитите и количеството на хемоглобинот се намалуваат побрзо отколку кај терминските деца, обично веќе од 3 до 6 недели од животот. Според нашата соговорничка, оваа терапија се дава и кај деца со мала родилна тежина, близнаци, деца од повеќе плодна бременост, како и доенчиња кои имале перинатално губење крв.
При анемија страдаат сите органи поради недостиг од кислород. Се јавува општа слабост, чувство на хроничен замор, намален апетит, вртоглавица
Д-р Јадранка Живковиќ, педијатар во „Ре-Медика“
СИДЕРОПЕНИСКА АНЕМИЈА
Оваа анемија, која се јавува поради недостиг од железо, е најчеста во детската возраст. Најчесто причина за нејзина појава е недоволно внесување нажелезо преку храна, но може да се јави и при скриено или видливо крвавење. Не треба да се занемарат и хроничните инфекции, особено уринарните предизвикани од бактеријата ешерихија коли, која го користи железото за својот метаболизам. Во текот на првите шест месеци од животот детето се храни со млеко, мајчино или адаптирано, богато со многубројни хранливи материи од основна важност за негов развој, но мошне сиромашно со железо. До овој период потребите од железо се покриени со резервите во црниот дроб, кои се создадени во последната фаза од бременоста. – Ова значи дека кога резервите ќе почнат да слабеат, во исхраната на детето треба да се воведе храна богата со железо. Кај предвремено родените деца резервите на железо се помали, бидејќи немале време да ги создадат. Кај нив веројатноста за појава на анемија е поголема, па педијатарот обично одредува терапија – објаснува д-р Живковиќ.
СПРЕЧУВАЊЕ И ЛЕКУВАЊЕ
Превенцијата на анемијата треба да почне уште во текот на бременоста. Идната мајка треба да има добра крвна слика, здраво да се храни и да внесува доволно количество на витамини неопходни и за неа и за детето. Ова ќе овозможи создавање на добри резерви на железо кај детето во првите 5-6 месеци од животот. Доењето е вистински начин да се спречи оваа анемија. Таа е поретка, а се јавува и подоцна кај децата што цицаат во однос на оние кои се на исхрана со кравјо млеко. Превентивно давање на препрати на железо кај ризичните групи (недоносени деца, близнаци, деца со мала родилна тежина, деца од мајки со анемија во текот на бременоста) го намалува ризикот од појава на анемија. Нашата соговорничка советува да се јаде разновидна храна и да се внесуваат во исхраната намирници богати со железо, како и оние кои ја помагаат неговата апсорпција. Главни природни извори на железо во храната се: месо, риба, џигер, жолчка од јајце, зелен лиснат зеленчук (особено богат со железо е листот од магдонос), мешунки, свежо овошје. Таа објаснува дека железото од сите видови меса како хем-железо значително подобро се
Искористува од нехем-железото кое се наоѓа во зеленчукот.Дневните оброци треба да содржат доволно количество на свежо овошје и зеленчук.Тие содржат витамин Ц, кој ја подобрува апсорпцијата на железо. Кафе, чај, какао, кока-кола и пијалаци кои содржат кофеин, теобромин и танин треба да се пијат 1-2 часа пред или по оброкот, бидејќи тие материи ја отежнуваат апсорпцијата на железото. Ресорпцијата ја отежнува и храната богата со растителни влакна како што се житарките, а и млекото. Значи, со месо треба да се пие сок, а да се избегнува комбинација на месо со житарки и млеко. Ако не е можно да се внесат доволни количества на железо со храната, потребно е да се користат препарати на железо за превенција или за терапија на анемија. Се користат разни препарати на железо. Иако резултатите од лечењето релативно брзо се гледаат (по 2 седмици), терапијата треба да продолжи уште 1 месец по нормализирање на крвната слика, како би се наполниле резервите на железо во организмот. – Сидеропениската анемија е многу почесто заболување во нашата популација отколку што се мисли.Причина за високиот процент на анемии кај нас секако се лошите навики на исхрана на општата популација – вели докторката.
УЛОГАТА НА ЖЕЛЕЗОТО ВО ОРГАНИЗМОТ
Железото е елемент кој е неопходен во човечкиот организам и има големо влијание на неговото здравје.Во телото се наоѓа во повеќе облици, составен дел е на многу ензими, учествува во метаболизмот на сите живи клетки, а во нај големпроцент се наоѓа во еритроцитите, како дел од хемоглобинот, најважно соединение кое го врзува и пренесува кислородот. Тоа е воедно и најважна улога на железото во организмот.Освен пред раѓање, организмот го прима железото исклучиво однадвор, со храна или преку препарати со железо. Се вградува во хемоглобинот и во ензимите, а се складира во мускулите и во црниот дроб, каде што се наоѓаат резервите на железо. Не се излачува од организмот освен минимално преку столица, а до губење доаѓа единствено преку крвавење. Во текот на животот потребите за железо се менуваат во зависност од брзината на растот, односно од посебните состојби. Така, во периодот на доење и периодот на пубертетски раст кај здрави деца потребите од железо се најголеми, а зголемени потреби имаат и девојки и жени во репродуктивниот период, особено во текот на бременоста и при доење. Момчињата по завршување на растот и мажите подоцна во животот немаат зголемена потреба од железо ако се здрави, бидејќи губењата од организмот се минимални и занемарливи, така што нормалната исхрана сосема ги задоволува сите потреби. Во состојби на зголемена потреба од железо, често е потребно негово давање во облик на препарат.
ИЗВОРИ НА ЖЕЛЕЗО
Организмот железото може да го земе од храна или во облик на лек. Новороденото дете железото го добива од мајчиното млеко, каде што концентрацијата на железо е мала, но затоа пак искористувањето е максимално (49 проценти наспроти 10 проценти од кравјото млеко). Затоа адаптираните млека секогаш се збогатуваат со железо – вели д-р Живковиќ. Кај здравите новороденчиња, по нормално траење на бременоста, резервите на железо од мајката се доволни за нормален раст и развој некаде до 5 или 6 месеци од животот (зависи од брзината на зголемување на телесната маса).По овој период железото треба да се внесува со храна, кога и се започнува со немлечно хранење.
Leave a reply