Shqip

ПАРТНЕРИ

РЕВИТА

КВАЛИТЕТ

СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

ЦЕНОВНИК

КОМЕНТАРИ ОД ПАЦИЕНТИ

НОВОСТИ

КАДЕ СЕ НАОЃАМЕ

КОНТАКТИ

АДМИНИСТРАЦИЈА

МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ

МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ-Табло

МЕДИЦИНСКИ ДИРЕКТОР

ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР

МИСИЈА
Ре-Медика, врвна здравствена установа, ги задоволува барањата на граѓаните за квалитетна, одговорна и достоинствена здравствена заштита.

• ПЗУ Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија основана во 2005 година и со тоа за прв пат се применети светски стандарди и протоколи за квалитетно здравство во Република Македонија.За ова, Ре-Медика се здоби со награда за најдобра инвестиција во Jугоисточна Европа.

• Ре-Медика е првата општа болница во РМ која се здоби и во континуитет го одржува сертификатот за квалитет согласно стандардот ISO 9001:2008.

• Лабораторијата за Ин Витро Фертилизација при одделот гинекологија и акушерство е првата лабораторија на Балканот и меѓу ретките во Европа која се здоби со сертификат за квалитет и компетентност согласно стандардот ISO 15189:2013 .Со истиот сертификат се здоби и дијагностичко-биохемиската лабораторија на болницата.

• Ре-Медика е прогласена за македонски шампион во категоријата животна средина и корпоративна одржливост од страна на Асоцијацијата за Европската бизнис награда, со што е призната како водечки бизнис од страна на еминентни бизнис професионалци, политичари, академици и претприемачи од цела Европа

• Ре- Медика изгради анекс зграда која е енергетски ефикасна и ги исполнува барањата од стандардот за Зелена болница,прва од таков вид во регионот.

• Ре-Медика има склучено договор за соработка со Универзитетот ,,Гоце Делчев,,од Штип за доедукација и усовршување на студентите по медицина.

• Во Ре-Медика се роди првото бебе во РМ од смрзната јајце клетка.

• Ре-Медика е прва општа болница во РМ која ја примени стеротаксичната биопсија.

• Ре-Медика е прва болница во РМ која е наградена за најдобри општествено одговорни практики.

• Одделот неонатологија на Ре-Медика од своето основање го спроведува концептот Постпартален третман на новородени со примена на принципите за „Болница пријателка на бебињата„

• Одделот неонатологија на Ре-Медика, го оформи центарот за едукација на родилките при доење со успешност 98%.

• Ре-Медика ја потврдува својата стратешка определба која се заснова на имплементација на современи методи на лекување со најмодерна медицинска опрема што овозможува брзо враќање на работната способност на пациентите и подобрување на нивниот квалитет на живот.

Наградата за најдобра инвестиција во Југоисточна Европа за 2005 година, како и интеграцијата на ICT-системот, се доказ за големиот придонес на Ре-Медика во подобрувањето на здравството во регионот.

ВИЗИЈА
Лидерски основана, етички ангажирана и тимски фокусирана за испорачување на врвни здравствени услуги согласно светските стандарди и медицински протоколи за грижата за здравјето на пациентите.
ДЕЛОВЕН КОДЕКС
- Меѓународен кодекс за лекарска етика
- Професионалност
- Одговорност
- Доверливост
- Лојалност
- Ефикасност и ефективност
- Функционална целина
ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА
Во вршењето на должноста кон пациентите не постојат предрасуди во однос на верата, националноста, расата, политичката и класната припадност
- Целосна посветеност на квалитетот
- Учество на пациенти
- Општествена улога