English
Shqip
Медицината на трудот е поле од медицината кое напредува брзо, кое ги компонира принципите и праксата на клиничката и превентивната медицина, индустриската хигиена, навременото превенирање и откривање на патологија која може да е предизвикана од работните услови, или пак истите да влијаат на веќе настанатата состојба.

Повеќе е од познато дека здрав работник е попродуктивен работник, па според тоа прегледите во амбулантата по медицина на труд се од големо значење не само за пациентите – вработените, туку и за работните организации.

Амбулантата по медицина на труд обезбедува:

- Редовни превентивни периодични прегледи на вработени
- Претходни систематски и контролни прегледи

Овие прегледи вклучуваат клинички преглед од специјалистот по медицина на труд, лабораториски стандард, радиографија, психолошка обработка, ЕКГ, аудиометрија, спирометрија, ехо-дијагностика, прегледи и консултации со останати доктори специјалисти.

- Издавање лекарски потврди за вработување.

Во амбулантата по медицина на труд сме обслужиле повеќе од 30 работни организации со различна големина на годишно ниво. Aмбулантата по медицина на трудот е опременa со најмодерна опрема и апаратура со најнова технологија потребна за извршување на систематските прегледи.

Нашата примарна цел кон која секојдневно се стреми стручниот тим во секојдневната работа во ординациите на ПРИМА-МЕД е задоволството и здравјето на нашите пациенти.