English
Shqip
- Изготвување на документи за лекарски прегледи за иселенички визи за САД

ЗАКАЖУВАЊА ЗА АМЕРИКАНСКИ ВИЗИ: 072 443 140 после 14h од понеделник до петок;

Медицинските прегледи на апликантите за иселеничка виза ќе бидат спроведени во ПЗУ ПРИМАМЕД, Скопје, Македонија, со предходно закажан термин, по однапред донесена процедура.

Јавното информирање за изведувањето на задолжителните медицински прегледи ќе се врши преку информативни протоколи (писма) од страна на Амбасадата на САД во Скопје, Македонија, за секој апликант, каде ќе бидат наведени адресата, контакт телефонот и редоследот на изведување на прегледите, а исто така и веб сајтот на ПЗУ Ре-Медика.

Закажаниот термин мора да биде најмалку 10 дена пред закажаниот термин за аплицирање на имиграциона виза.

Терминот се заведува во информативниот болнички систем на Ре-Медика, за секој апликант поединечно со идентификационен број.

Според горенаведеното, апликантите се известуваат за цената на медицинскиот преглед, кој се наплаќа пред да започне истиот, на пултот.
Контакт лицето закажува термин за медицински преглед кој ќе биде целосно завршен пред терминот за аплицирање на имиграциона виза.

Документи за медицински преглед за добивање на емиграциона виза за САД:


1. 9 фотографиии 5 на 5
2. Пасош и копија од пасош
3. Здравствена книшка (ако има)
4. Картон за вакцинација
5. Документ од операции (ако има)
6. За деца до 14 години МАНТУ проба
7. Точна адреса, поштенски број, град и држава каде што ќе престојувате
8. Документот што го има добиено од Амбасадата за закажувањена интервјуто (добиен на маил, пратен по пошта)- case number
9. За лабораториски анализи апликантите не мора да се гладни

- Изготвување на документи со потребни лабораториски анализи за работа на брод, и секогаш се изработуваат по барање на институцијата која се организира работниот однос.

- Медицински прегледи за лица вработени изложени на јонизирачко зрачење
СТАНДАРДНИ ОПЕРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИ ПРЕГЛЕДИ КАЈ АПЛИКАНТИ ЗА ИМИГРАЦИОНА ВИЗА ЗА САД