Shqip
Почитувани клиенти,
Добро дојдовте во одделот за радиологија, место каде што Ви е овозможено да ги добиете сите базични и врвни медицински услуги од областа на современата Радиологија.

Нашиот оддел е првиот во здравствениот систем на Р.Македонија кои го имплементира МДКТ – МСКТ – (мулти слојниот компјутерски томограф) како врвен дијагностички инструмент во раната и навремента детекција на патолошките состојби во организмот.
Во нашиот оддел за прв пат се применети интервентните дијагностички постапки од областа на мама дијагностиката – дигитален мамограф, cor биопсии, пред оперативно маркирање со жица итн.

Одделот располага со дигитална конвенционална Ro технологија која до максимум ги намалува радиационите дози и го зголемува дијагностичниот квалитет на Ro постапките. Користиме најнапреднати PC работни единици - work station, со апликација на врвни софтверски решенија. Во одделот за радиологија работат 3 Специјалисти Радиолози и 3 Дипломирани Радиолошки технолози.

Прим. Д-р Благоја Даскалов, шеф на оддел
Радиолог - спец. радиодијагностичар

Одделот е организиран во три целосно независни работни единици

I - Отсек за конвенционална РТГ- рентген дијагностика со целосно дигитализирана радиографија

1. Дигитализиран РТГ систем, со компјутерска работна единица
• РТГ систем за радиографија за општи намени
• Безконтрасни и контрасни РТГ методи
• Намалено зрачење и автоматизирана постапка на снимање
• револуционарна рентген технологија со дигитализација на слики,- најпрецизен РТГ метод на испитување, компјутерска анализа

Ртг на Остеоартикуларен систем
Ртг на Глава и ПНС
Ртг на Бели дробови и Срце
Ртг на Абдомен
Секундарна холангиографија
Ртг на Уринарен Тракт
Нативна Урографија
ИВ.Урографија
Микциона уретроцистографија
Ретроградна пиелографија
Цистографија

2. “Panoramix “ графии на рбетниот столб и екстремитетите, единствен дигитализиран систем во РМ
• Сколиози, кифози на ‘рбетот

II - Отсек за Компјутеризирана томографија -128сл. МДКТ

128сл МДКТ повеќеслојна / мултидетекторска компјутеризирана томографија

• 85% помало зрачење од конвенционалните компјутерски томографи
• Скратено време на на скенирање-не подолго од 10 сек. за цело тело
• Работна станица која овозможува 3Д реконструктивна анализа и приказ во боја
• Широко поле на примена, без медицински контра-индикации

МДКТ Коронарографија- Кардиолошка Компјутеризирана Томографија
• Неинвазивна, безболна анализа на крвните садови на срцето во целост, без употреба на катетри-“жици”
• Функционална проценка на севкупната срцева состојба.
• Calcium scoring

МДКМ- компјутеризирана томографија на глава и вратот
• целосна дијагностичка проценка на физиолочки и патолошки состојби на мозокот
• ангиографија -приказ и проценка на сосотојба на крвни садови на главата и вратот
• приказ на ПНС, параназални синуси
• целосна анализа на структури на вратот со ангиографска анализa

МДКТ на белите дробови и градниот кош
• Иследување на белодробни заболувања
• Виртуелна бронхоскопија, 3Д приказ и анализа на трахеобронхалното стебло
• Проценка на функционалната и патолошка состојба на белодробен паренхим
• Ангиграфија на белодробните артерии и вени

МДКТ Ангиографија
• приказ и анализа на крвните садови на телото во целост,со селективна обработка,според полето на дијагностички интерес
• виртуелно патување низ крвните садови
• длабока и периферна циркулација на телото и екстремитетите
• артериографски и флебографски приказ

МДКТ на абдоменот
• Целосен приказ и анализа на органите во абдоменот како и целосна анализа на уринарниот систем и простата
• Виртуелна колоноскопија / безболна, брза проценка на состојбата на дебелото црево со 3Д анализа.

МДКТ на скелет
• скенирање на скелетниот систем во целост
• целосна анализа на р`бетниот столб

МДКТ аспирациони тенкоиглени, пункциони и “core” биопсии
• најпрецизна метода за земање и анализа на ткивен материјал од секој дел на телото

МДКТ на Глава
МДКТ на ПНС
МДКТ Ангиографија на Врат и Глава
МДКТ на Б.Дробови
МДКТ Виртуелна Бронхоскопија
МДКТ на Абдомен и мала крлица
МДКТ на Уринарен Тракт
МДКТ Виртуелна Колоноскопија
МДКТ на Скелет
МДКТ Ангиографија на крвните садови од целото Тело
МДКТ Флебографија
МДКТ Коронарографија
МДКТ на Рбетот
МДКТ на Цело Тело

III - Отсек за Дијагностички и интервентни процедури на дојка

У.З. на дојка
дигитална мамографија
галактографија
спот мамографија
пункциони и кор биопсии,предоперативно маркирање на туморски лезии под контрола на У3
пункциони и кор биопсии,предоперативно бележење на туморски лезии со стереотаксичен дигитален мамографски апарат

IV – Отсек за Дијагностички процедури на тироидна жлезда, плунковни жлезди и вратна регија

ехо преглед
тенкоиглена биопсија под контрола на УЗ

V - Отсек за Ултразвучна дијагностика

Педијатриска УЗ дијагностика
УЗ на остеоартикуларен систем
УЗ на абдомен
УЗ на Уринарен Тракт

VI- Отсек за Интервентна радиологија

МДКТ Пункциони биопсии – тенкоиглени, Cor биопсии
УЗ тенкоиглени и cor биопсии
РТГ Тенкоиглени и Cor биопсии
РТГ, МДКТ тераписко решавање на коскени промени
Дигитална РТГ стереотаксија
Галактографија
Пред оперативно Бележење на окултни лезии со жица

02 2603 110; 02 2603 254

Прим. Д-р. Благоја Даскалов
шеф на оддел, спец. радиодијагностичар
email: bdaskalov@remedika.com.mk

Д-р. Елизабета Бабушку
спец. радиодијагностичар
суб.спец по мама дијагностика
email: ebabusku@remedika.com.mk

Д-р. Наде Петановска
спец. радиодијагностичар
email: npetanovska@remedika.com.mk