Shqip
Модерниот живот го движи забрзано темпо кое произведува стрес. Тој се одразува како на физичкото така и на менталното здравје. Модерната болница покрај за физичкото се грижи и за менталното здравје на своите пациенти. Оттаму е потребата од постоењето на одделот за психологија и психотерапија чиј фокус е задржан на подобрување на квалитетот на психичкиот живот на пациентот.
Психичките проблеми со кои доаѓаат пациентите произлегуваат од секојдневниот живот и најчесто се последица од неможноста да во даден момент адекватно се прилагодат на новонастанати животни ситуации (операција, болест, породување, вработување, свадба, развод, смрт на близок и други слични неминовни ситуации).

Услугите кои ги нуди одделот за психологија и психотерапија:

Психолошки тестирања
- ŸПсихолошка проценка
- Изработка на психолошки профил на личност пред започнување и водење на психотераписки процес или психијатриски третман
Ÿ- Психолошки тестирања за увид во психичките процеси при систематски и периодични прегледи

Психолошко советување
Ÿ- Разговор меѓу пациентот и психологот со цел да се добие увид во проблемот поради кој пациентот се обратил на психолог и да се донесе заедничка одлука за понатамошниот третман на проблемот.
Ÿ - Разговор со членови од семејство или друг близок кој доаѓа за консултација за проблем врзан за нивни близок роднина или пријател.
Ÿ- Советување во насока на поддршка на пациентот за поуспешно поминување низ некој друг медицински третман поради кој пациентот е во болницата.
Ÿ - Консултација при потешкотии при учење и задржување на внимание.

Гешталт психотерапија
Гешталт психотерапијата станува една од водечките психотерапии во светот од причина што поаѓа од индивидуалните потреби на поединецот и е во функција на неговиот личен раст и развој. Има хуманистичка и егзистенционалистичка основа. Гешталт методот нуди моќен пристап кон учење и промена низ сопствено искуство кое се стекнува во сегашноста (принцип на искусување тука и сега). Се применува за надминување на проблеми и кризи во животот на секој поединец, без разлика на возраста. Главна цел на оваа метода е подобрување на квалитетот на живеење преку увиди и надминување на проблемите со поддршка низ психотерапискиот процес. Се одвива преку сеанси (разговори) кои траат по 45 минути до еден час.

Гешталт психотерапијата се применува како:

Индивидуална психотерапија, по индивидуално барање на пациент за свој личен проблем или преку препорака од доктор на пациенти кои доаѓаат во болницата со примарно друга цел.

Групна психотерапија, како поддршка за пациенти кои поминуваат низ сличен стресен животен процес како што е бременост, IVF, хируршка интервенција.
02 2603 100; 072 443 845

м-р Марија Стојкоска - Василевска
Психолог, гешталт психотерапевт
email: psihologija@remedika.com.mk