Shqip
Функционално, Ре-Медика е интегрална целина во чиј склоп работат две амбуланти. Едната е амбуланта од примарното здравство, која работи од 2005 година, во која се лекуваат околу 2000 пациенти како наши матични пациенти.
Во амбулантата по медицина на труд сме обслужиле повеќе од 30 работни организации со различна големина на годишно ниво.
И општата амбуланта, како и амбулантата по медицина на трудот се опремени со најмодерна опрема и апаратура со најнова технологија потребна за извршување на прегледите.

Нашата примарна цел кон која секојдневно се стреми стручниот тим во секојдневната работа во ординациите на ПРИМА-МЕД е задоволството и здравјето на нашите пациенти.

Целта на сестрата во општата пракса и во медицината на трудот е да ја унапреди и испорача здравстеваната нега. Ова е кооперативен модел преку кој сестрата е вклучена во општата пракса и во која има комплементарна улога извршувајќи низа на услуги како координација и клиничка нега до одржување на добро здравје преку советување, промоции и едукација на пациентот како индивидуа така и за заедницата.

Во општата амбуланта како дел од тимот е задолжена за правилно водење на евиденцијата за здравствените прегледи, аплицирањето на и.м. и и.в. терапија, техничка изработка на ЕКГ како и организацијата за прегледите во амбулантата.

Како дел од тимот во амбулантата по медицина на труд е задолжена меѓу другото за техничка изработка на ЕКГ, аудиометрија, спирометрија, мерење на body mass index, како и правилна евиденција, организација, подготовка и архивирање на документацијата за извршените прегледи.

02 2603 110; 02 2603 130

Др. Венцо Јовевски
доктор по општа медицина
email: info@remedika.com.mk

Др. Марија Јанеку
доктор по општа медицина
email: mjaneku@remedika.com.mk

  • ОРДИНАЦИЈА ПО
    ТРУДОВА МЕДИЦИНА
  • ОРДИНАЦИЈА ПО
    ОПШТА МЕДИЦИНА
  • АПЛИКАНТИ
    ИМИГРАЦИОНА ВИЗА - САД
Медицината на трудот е поле од медицината кое напредува брзо, кое ги компонира принципите и праксата на клиничката и превентивната медицина, индустриската хигиена, навременото превенирање и откривање на патологија која може да е предизвикана од работните услови, или пак истите да влијаат на веќе настанатата состојба.

Повеќе е од познато дека здрав работник е попродуктивен работник, па според тоа прегледите во амбулантата по медицина на труд се од големо значење не само за пациентите – вработените, туку и за работните организации. Амбулантата по медицина на труд обезбедува:

- Редовни превентивни периодични прегледи на вработени

- Претходни систематски и контролни прегледи

Овие прегледи вклучуваат клинички преглед од специјалистот по медицина на труд, лабораториски стандард, радиографија, психолошка обработка, ЕКГ, аудиометрија, спирометрија, ехо-дијагностика, консултации со останати доктори специјалисти.

- Издавање лекарски потврди за вработување.

- Изготвување на документи за лекарски прегледи за иселенички визи за САД


Медицинските прегледи на апликантите за иселеничка виза ќе бидат спроведени во ПЗУ ПРИМАМЕД, Скопје, Македонија, со предходно закажан термин, по однапред донесена процедура.

Јавното информирање за изведувањето на задолжителните медицински прегледи ќе се врши преку информативни протоколи (писма) од страна на Амбасадата на САД во Скопје, Македонија, за секој апликант, каде ќе бидат наведени адресата, контакт телефонот и редоследот на изведување на прегледите, а исто така и веб сајтот на ПЗУ Ре-Медика.

Закажаниот термин мора да биде најмалку 10 дена пред закажаниот термин за аплицирање на имиграциона виза.

ЗАКАЖУВАЊА ЗА АМЕРИКАНСКИ ВИЗИ: 072 443 140 после 14 часот.

Терминот се заведува во информативниот болнички систем на Ре-Медика, за секој апликант поединечно со идентификационен број.

Според горенаведеното, апликантите се известуваат за цената на медицинскиот преглед, кој се наплаќа пред да започне истиот, на пултот.
Контакт лицето закажува термин за медицински преглед кој ќе биде целосно завршен пред терминот за аплицирање на имиграциона виза.

Документи за медицински преглед за добивање на емиграциона виза за САД:

1. 9 фотографиии 5 на 5
2. Пасош и копија од пасош
3. Здравствена книшка (ако има)
4. Картон за вакцинација
5. Документ од операции (ако има)
6. За деца до 14 години МАНТУ проба
7. Точна адреса, поштенски број, град и држава каде што ќе престојувате
8. Документот што го добиено од Амбасадата за закажувањена интервјуто (добиен на маил, пратен по пошта) - case number<
9. За лабораториски анализи апликантите не мора да се гладни
Општата пракса е есенцијален дел од медицинската нега во сите земји. Во амбулантата по општа медицина се реализира првиот контакт на пациентот со останатите медицински услуги.
Докторите по општа медицина обезбедуваат широк спектар на нега за локалната заедница, соочувајќи се со проблеми кои често вклучуваат физички, физиолошки и социолошки компоненти.
Тие секогаш работат како тим со останатите специјалисти во нашата болница, помагајќи им на пациентите да го унапредат своето здравје.

Амбулантата по општа медицина има склучен договор со ФЗО, и според тоа ги обезбедува загарантираните прегледи и услуги за пријавените матични пациенти:

Преглед на пациенти по системи (инспекција, палпација, перкусија, аускултација)

Ординирање на терапија (медикаментозна и ампуларна)

Издавање медицински потврди, лекарски уверенија, упати за спец. прегледи

Едукација, превенција и промоција на здравјето на пациентите
- Изготвување на документи за лекарски прегледи за иселенички визи за САД

ЗАКАЖУВАЊА ЗА АМЕРИКАНСКИ ВИЗИ: 072 443 140 после 14h од понеделник до петок;

Медицинските прегледи на апликантите за иселеничка виза ќе бидат спроведени во ПЗУ ПРИМАМЕД, Скопје, Македонија, со предходно закажан термин, по однапред донесена процедура.

Јавното информирање за изведувањето на задолжителните медицински прегледи ќе се врши преку информативни протоколи (писма) од страна на Амбасадата на САД во Скопје, Македонија, за секој апликант, каде ќе бидат наведени адресата, контакт телефонот и редоследот на изведување на прегледите, а исто така и веб сајтот на ПЗУ Ре-Медика.

Закажаниот термин мора да биде најмалку 10 дена пред закажаниот термин за аплицирање на имиграциона виза.

Терминот се заведува во информативниот болнички систем на Ре-Медика, за секој апликант поединечно со идентификационен број.

Според горенаведеното, апликантите се известуваат за цената на медицинскиот преглед, кој се наплаќа пред да започне истиот, на пултот.
Контакт лицето закажува термин за медицински преглед кој ќе биде целосно завршен пред терминот за аплицирање на имиграциона виза.

Документи за медицински преглед за добивање на емиграциона виза за САД:


1. 9 фотографиии 5 на 5
2. Пасош и копија од пасош
3. Здравствена книшка (ако има)
4. Картон за вакцинација
5. Документ од операции (ако има)
6. За деца до 14 години МАНТУ проба
7. Точна адреса, поштенски број, град и држава каде што ќе престојувате
8. Документот што го има добиено од Амбасадата за закажувањена интервјуто (добиен на маил, пратен по пошта)- case number
9. За лабораториски анализи апликантите не мора да се гладни

- Изготвување на документи со потребни лабораториски анализи за работа на брод, и секогаш се изработуваат по барање на институцијата која се организира работниот однос.

- Медицински прегледи за лица вработени изложени на јонизирачко зрачење