English
Shqip

ПАРТНЕРИ

РЕВИТА

КВАЛИТЕТ

СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

ЦЕНОВНИК

КОМЕНТАРИ ОД ПАЦИЕНТИ

НОВОСТИ

КАДЕ СЕ НАОЃАМЕ

КОНТАКТИ

АДМИНИСТРАЦИЈА

МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ

МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ-Табло

МЕДИЦИНСКИ ДИРЕКТОР

ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР

Драги наши пациенти, колешки и колеги, соработници…

 

Здравството е една од најчувствителните дејности во општеството, со најблагородна цел, како да се раѓаат, да се развиваат и да се негуваат здрави сегашни и идни генерации. Здравјето е најскапиот дар на природата, па оттука произлегува и благородноста на лекарската професија. Во приватната општа болница „Ре-медика“ постојат сите услови лекарите да го дадат максимумот во грижата за Вашето здравје.

Императивни цели на „Ре-медика“ се подготвеноста, решителноста и високиот професионализам во дијагностиката и третманот на здравствените проблеми, болестите да се надградат со здравје, несреќата со среќа, а борбата за здрав живот е нашиот престиж со кој се гордееме во Вашата и наша „Ре-медика“.

Постојаниот раст и развој се главна тенденција во медицинската политика на „Ре-медика“ како врвна здравствена установа. Присутна е целосна почит и имплементација на сите медицински кодекси за морал и етика од страна на високообразован медицински персонал, кој секојдневно стручно се надградува низ различни облици на континуирана едукација. Оттука е и способноста на нашите лекари да ги имплементираат најновите светски сознанија и вештини на современата медицинска наука. Посветеноста на лекарите и на целокупниот медицински кадар како функционален професионален тим максимално е приспособена на потребите на пациентите за нивно успешно лекување.
Љубезноста, грижата, негата, несебичноста и целосната посветеност се само дел од мозаикот на сето она што ја прави „Ре-медика“ единствена и посебна во третирањето на секој пациент одделно како единствен и уникатен. „РЕ-МЕДИКА“ СЕ ГРИЖИ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ е мисијата на нашата секојдневна работа, слоган што ја потенцира моќта на болницата во чиј центар се здравствените потреби на секој минат, сегашен и иден пациент на„Ре-медика“.

Функционално „Ре-медика“ е една целина што ја чинат неколку оддели од различни медицински области, достапна лабораторија и болничка аптека, оддел за техничка логистика, каде што раководат врвни професионалци во својата област, овозможувајќи болницата непречено да функционира 24 часа секојдневно. Во еден таков динамичен и функционално соодветен простор поставени се високософистицирани медицински апарати, со посебен акцент на светските стандарди за висококвалитетна опрема, која овозможува да се изведуваат и најсложените дијагностички и тераписки процедури, си со единствена цел да бидат задоволени потребите и барања на сите наши пациенти.
Соодветноста, пристапноста и отвореноста кон нашите пациенти, а секако и можноста што ја нудиме на секој од нив да учествува во креирањето на нашата политика не прави посебни, верувам и единствени. Тоа е нашето добредојде на сите пациенти во квалитетниот здравствен систем на „Ре-медика“, изграден со внимание и почит кон желбите и поставен во функција на потребите на нашите пациенти. Токму тоа ја чини „Ре-медика“ болница-пријател на сите пациенти. Нашата единствена заложба е заеднички да ја негуваме и да ја потврдиме Вашата доверба од изминатиот период не само како квантитет, туку и како квалитет за задоволување на Вашите потреби.
Сето ова заедно ја чини „Ре-медика“ во целост грижлив и посветен чувар на Вашето здравје. Горди сме со минатите успеси, посветени, единствени и решителни за идните предизвици. Пред нас е многу работа, многу труд и напори, кои ќе бидат наградени со здравјето на нашите пациенти.

„Ре-медика“ ги сака своите пациенти,

Со огромна благодарност и почит до Вас,

Проф. д-р Андреја Арсовски,
Стручен директор на „Ре-Медика“