Shqip
Биохемиската лабораторија овозможува комплетен лабораториски сервис за потребите на болницата ”Ре-Медика” и на други надворешни субјекти.
Следењето на функциите на виталните органи се спроведува преку широк спектар на општи и специфични лабораториски анализи. Земањето на крв се врши cо затворени системи, во моновети од Sarstedt.
Во нашата лабораторија се изработува комплетна крвна слика со 18 параметри на хематолошките анализатори Nihon Kohden, Јапонија и Cell Dyn 1200, Abbott.
Лабораторијата врши и комплетен преглед на урина: уринарен статус и седимент на урина под микроскоп. Во урината се определуваат и електролити (K+, Na+, Cl-), глукоза, уреа, креатинин, протеини и други параметри.
Тестот за рано откривање на бременост се изработува од крв или од утринска урина.

Коагулационите фактори (фибриноген, протромбинско време-PT, активирано парцијално тромбопластинско време-APTT) се изработуваат на коагулометарот DiaMed CD-2. Тие се неопходни параметри во предоперативната подготовка.

Биохемиските анализи: глукоза, уреа, креатинин, серумско железо, холестерол, триглицериди, вкупни протеини, албумини, трансаминази, алкална и кисела фосфатаза, реума фактор, електролити, мочна киселина, гликолизиран хемоглобин се само дел од анализите кои се изработуваат во нашата лабораторија. За таа цел го користиме биохемискиoт автоматизиран анализатор COBAS Integra 400 plus, Roche Diagnostics.

Анализите за гасови, електролити, хемоглобин, хематокрит и гликемија, како дел од оперативниот и постоперативниот процес, се изведуваат на анализатотот за интензивна нега pHOx plus L, Nova Biomedical.

Ендокринолошките параметри/репродуктивните хормони: Еstradiol, LH FSH, Prolaktin, Progesteron; хормоните на штитната жлезда: TSH, T4, fT4, T3, fT3; туморските маркерите: CEA, Ca 125, Ca 19-9, Ca 15-3, Ca 72-4, AFP, PSA; Helicobacter pylori-IgG, се изработуваат на имунолошкиот анализатор IMMULITE, Siemens.

Во нашата лабораторија се изработуваат комплетни анализи за систематски прегледи - индивидуални и организирани, како и анализи за иселенички визи (САД).

За изработување на поспецифични биохемиски анализи, биохемиската лабораторија има склучено договор за соработка со други еминентни лаборатории во земјата и во странство.

Тимот во лабораторијата е високо едуциран и сертифициран за работа со софистицираната лабораториска опрема.

02 2603 168; 02 2603 110

Прим. д-р Марија Пасху
спец. по мед.биохемија
email: lab@remedika.com.mk

Весна Наумоска
Дипл. биохемичар
email: lab@remedika.com.mk

Емилија Христова
Дипл. биолог
email: lab@remedika.com.mk

Татјана Глигоровска
Лаборант
email: lab@remedika.com.mk

д-р Мартин Ивановски
Доктор по општа медицина
email: lab@remedika.com.mk