Shqip
- Субспецијалистичка Ендоскопска Амбуланта

-Амбуланта за гастроентерохепатологија и абдоминална ултразвучна дијагностика

02 2603 110; 02 2603 100

Проф. Д-р Дагмар Оровчанец
субспецијалист - гастроентерохепатолог
email: info@remedika.com.mk

Д-р Виолета Христова Јаниќ
специјалист по интерна медицина
email: vjanik@remedika.com

Д-р Лилјана Тевдовска
специјалист по интерна медицина
email: ltevdovska@remedika.com.mk

  • ЕНДОСКОПИЈА
  • ИНТЕРНА МЕДИЦИНА
Општата Болница Ре-Медика - Скопје, во својата субспецијалистичка Ендоскопска Амбуланта обезбедува врвна дијагностика кај сите пациенти од видот на:
дијагностичка колоноскопија, полипектомија, гастроскопија со земање биопсија за helicobacter pylori, ректосигмоидоскопија, аноскопија, лигирање на хемороиди, третман на анални фисури, консултативни субспецијалистички прегледи, ултразвучна дијагностика на абдомен...

Одделот за Ендоскопија и инвазивна гастроентерологија започнува со работа во септември 2005 год. Во тој период се набавија најсовремените ендоскопски апарати (Olimpus exera 165) и се синхронизираше тимската работа меѓу гастроентеролоскиот и анестезиолошкиот тим.
Во изминатиот 5 годишен период може да се истакне високо професионално ниво на работа, изведувањето на бројни ендоскопски процедури кои вклучуваат како дијагностика, така и интервентна ендоскопија, пратење на новите трендови во гастроентерологијата и ендоскопија како и примена во нашата сала.

Со посебна гордост би сакале да го потенцираме рутинското, секојдневно давање на општа (интравенска анестезија-без маски и интубација) чиј број се искачи на 5000 вакви анестезии во изминатите 5 години, без ниту една посериозна компликација.
Така во РеМедика се реализира концептот за ‘’безболна ендоскопија’’ која најчесто беше и главна причина која ги одвраќа пациентите од оваа дијаностичка процедура.

Со Ендоскопската амбуланта раководи Проф. Д-р Дагмар ОРОВЧАНЕЦ - субспецијалист гастроентерохепатолог


Протокол за подготовка на пациенти за:
ДИЈАГНОСТИЧКА КОЛОНОСКОПИЈА, РЕКТОСИГМОИДОСКОПИЈА И ЛИГИРАЊЕ HA ХЕМОРОИДИ


Препорака за начин на исхрана пред подготовка за испитувањето и прочистување со препаратот FORTRANS:
• Диетата започнува 2 дена пред закажаниот преглед
• Во деновите со диета дозволено е да се внесуваат:
• Кафе, солени и благи течности - Бистри сокови (од јаболко), чаеви, бистра супа без месо и тестенини, мед (вкупно бистри течности околу 4-6 л)
• На денот на интервенцијата HE CE ЈАДЕ И HE CE ПИЕ НИШТО (ПОТПОЛНО ГЛАДНИ И ЖЕДНИ)

Препорака за начин на употреба на препаратот FORTRANS:
Co препаратот FORTRANS ce започнува два дена пред интервенцијата

Приготвување на препаратот FORTRANS:
• 2 кесички од препаратот FORTRANS ce раствараат во 2 литри вода и се пијат во тек на 2 часа 36 часа пред интервенцијата
• 24 часа или 12 часа после првата доза пред интервенцијата се раствараат уште 2 кесички FORTRANS во 2 литри вода и се пијат во тек на 2 часа
• 12 часа пред интервенцијата се земаат 2-3 кесички чај АЛКАЛАКС ставаат во 2 дл ладна вода и после 1 час откако отстои чајот се пие.

На денот на интервенцијата HE CE ЈАДЕ И HE CE ПИЕ НИШТО (ПОТПОЛНО ГЛАДНИ И ЖЕДНИ)
Доколку интервенцијата би се извела со анестезија потребно е да останете уште 1-2 часа подолго и HE СМЕЕ ДА BO3ИТE САМИ првите 6 часа.

За дополнителни информации или совет јавете се на тел. 02 2603227 - Ендоскопска Амбуланта од 08-15 ч.
Амбулантата за гастроентерохепатологија и абдоминална ултразвучна дијагностика располага со најсовремена опрема за ултразвучна дијагностика со 3D ултразвучен апарат, со колор доплер, пауер доплер и динамичен флоу.

Во неа ординира Др. Лилјана Тевдовска, интернист со долгогодишно интернистичко искуство особено во гастроентеролохепатологијата.

Во оваа амбуланта најчесто се обраќаат пациентите за специјалистички интернистички гастроентеролошки прегледи со ехо дијагностика, терапија и следење, при следниве состојби:

- Болка во абдоменот: Секоја акутна или хроночна болка може да биде сигнал за постоење на акутно или хронично заболување на гастроинтестиналниот тракт.)

- Црнодробни болести: Замастен црн дроб, алкохолна црнодробна болест, црнодрбна цироза, акутен алкохолен хепатит, токсична болест на црниот дроб, хроничен ( Б и Ц) хепатитис, автоимун хепатитис, тумори и цисти на црниот дроб.

-Панкреасни болести: Воспалителни заболувања на панкреасот како акутен и хроничен панкреатитис, панкреатични псеудоцисти и тумори на панкреасот.

-Болести на жолчното кесе и жолчните патишта: Жолчната калкулоза , акутно и хронично воспаление на жолчното кесе и жолчни патишта, тумори на жолчно кесе и жолчните патишта.

- Болести на слезенката – Наголемување на слезенката, трауми, воспалителни и малигни заболувања

- Болести на бубрезите и мочните патишта: акутни и хронични воспалителни заболувања,бубрежна калкулоза, тумори, цисти, трауми.

- Болести на абдоминалната аорта: Дијагностика на атероматозата на абдоминална аорта, аневризма на аортата, како детекција на ТМ промени наголемени лимфни жлездиво ретроперитонеумот

- Воспаление на слепото црево: Во оваа амбуланта со помош на ултразвучен преглед се диференцира абдоминална болка поради акутно воспаление на слепото црево.

Во амбулантата секојдневно се изведуваат многубројни гастроентеролошки процедури од дијагностички неинвазивен карактер, вклучувајќи ехотомографија на органите во абдоменот: црниот дроб, жолчката и жолчните патишта, панкреасот, слезенката, бубрезите, надбубрежните жлезди, парааорталната регија како и ултразвучна дијагностика на воспаление на слепото црево.

За детална процена на крвниот проток се користи колор и пауер доплер ултрасонографија на васкуларните структури во абдоменот како абдоминалната аорта, портното стебло, долната шуплива вена и хепатичниот венски слив, реналните крвни садови.

Во исто време, оваа амбуланта обезбедува и услуги во делот на инвазивните диагностички и тераписки процедури под ултразвук, кои се изведуваат само во неколу институции во Р.Македонија.

Инвазивните процедури опфаќаат: тенкоиглени аспирациони биопсии под ултразвук, перкутани дренажни процедури под ултразвук како евакуација на флуиди, гнојни колекции, панкреатични псеудоцисти, перкутани билијарни дренажи, перкутани нефростоми.
Сите техники подразбираат перманентна визуелизација под ултразвук.