Ве молиме користете го овој број само за итен случај

072 443 200

×
Општата болница Ре-Медика е современа општа болница во Македонија која ги покрива сите клинички специјалности и субспецијалности. Препознатлива е по најсовремена медицинска опрема, апликација на најсовремени протоколи за работа и стручен тим кој може да одговори на сите предизвици во современата медицина.

Одделот за васкуларна хирургија при Ре-Медика е современо конципиран оддел кој овозможува најсовремена дијагностика и третман на ПАБ и третман на заболувања на површинските и длабоките вени.
Во нашата институција вршиме најсовремена дијагностика на заболувања на артериските крвни садови со помош на неинвазивна доплер ултрасонографија.

Доплер ултрасонографија- представува неинвазивна процедура со која со помош на ултразвучен бран кој патува заедно со крвната струја се регистрираат стеснувањата на крвниот сад. Ултразвучните бранови се одбиваат од стеснувањата и се регистрираат на самиот ултразвучен апарат. Покрај тоа можат да се регистрираат и брзината на крвта со која индиректно се проценува постоење или одсуствона стеснување на крвниот сад. Нормалниот сигнал е трофазен.
Одредување на АБ индекс-представува однос на крвниот притисок на скочниот зглоб спореден со крвниот притисок на надлактицата. Неговата физиолошка вредност изнесува 1.

ЦТ-ангиографија- представува метода со чија помош се дијагностицира ПАБ, се определува точната локализација на лезијата, нејзината должина како и состојбата на васкуларното корито на сегментот над и под оклудираниот сегмент. Се изведува за неколку секунди и за визуелизација се користи контрастно средство.

Во нашата институција вршиме најсовремен третман на заболувања на артериските и венските крвни садови и тоа:

Медикаментозен-апликација на најсовремена вазодилататорна терапија со простагландини, примена на најсовремена фибринолитичка терапија кај емболии на артериски крвни садови и длабоки венски тромбози.

Хируршки третман

оперативно лекување на супраренални и инфраренални аневризми на абдоминална аорта(аневризмекртомии)
оперативно лекување на аневризми на илијачната, феморалната и поплитеалната артерија
оперативно лекување на оклузии на аортоилиакланиот сегмент(аортобифеморален бај пас, аортофеморален бај пај, илијакофеморален бај пас и cross-over by pass.
оперативно лекување на оклузии на артериите во инфраингвиналниот сегмент(феморо-поплитеален бај пас-надколено и подколено, со вена или со дакрон протеза)
оперативно лекување на варикозни вени со ендовенска ласер процедура, радиофреквентна аблација или хируршки стрипинг и лигација
оперативе третман на длабока венска тромбоза и пост флебитичен синдром(Линтон операција).

Постоперативно пациентите го продолжуваат своето лекување на одделот за интензивна нега кој обезбедува 24 часа најсовремен мониторинг и стручна медицинска нега. Единицата е целосно автоматски климатизирана и обезбедува чиста атмосфера преки хепа филтри, работи со стерилна техника.

доц. д-р Влатко Цветановски
кардиоваскуларен хирург
email: vcvetanovski@remedika.com.mk
02 2603 100