Ве молиме користете го овој број само за итен случај

072 443 200

×
Ортопедската хирургија е составен дел на Одделот за Хирургија во ПОБ Ремедика – Скопје. Кон крајот на 2007-ма година започнавме со изведување и на најсложени оперативни зафати од областа на ортопедијата започнувајки од ендопротетска замена на зглобовите на колкот и коленото, артроскопија на колено, скочен зглоб и рамо, како и хируршко стабилизирање на скршеници и реконструкција на скинати тетиви.

До сега се изведени преку 500 оперативни процедури од областа на ортопедијата со одличен резултат.
Ре-Медика постепено станува препознатлив регионален центар за третман на спортските повреди кои доминираат во патологијата на мускулоскелетниот систем кај пациентите кои хируршки ги третираме. Се поголем број на спортисти од околните земји ја посетуваат секојдневно нашата болница заради преглед, консултациции и оперативно лекување. Во последните 3 години во Ре-Медика се направени преку 200 артроскопски реконструкции на скинат преден вкрстен лигамент на колено по методата на Arthredz Retro-button со користење на тетивите на musc. gracilis i musc. semitendinosus, како и првите 10 реконструкции на скинат заден вкрстен лигамент на коленото со користење на истата техника, за прв пат во нашата земја.

Успешноста на оперативните зафати се должи на користење на најсовремена техника и материјали кои се вградуваат во текот на интервенцијата ((Storc, Arthredz, Mitek), како и отвореноста на Ре-Медика за соработка со ортопедски хирурзи од светот кои се еминентни од оваа област. Благодарение на таа соработка, а со несебична помош на Др. Поберај Борис ортопедски хирург од Словенија, во Ре-Медика воведовме уште неколку нови оперативни процедури како артроскопија на рамениот зглоб и реконструкција на повредена ротаторна манжетна, стабилизирање на нестабилностите (исчашувањата) на рамениот зглоб, како и реконструкција на медиопателофеморланиот лигамент (МПФЛ) на коленото кај повторувачките луксации (исчашувања) на чашката на коленото.

Ре-Медика овозможува континуирана медицинска едукација на своите хирурзи преку учества на конгреси и едукациски престои во странство што претставува можност за запознавање со нови оперативни техники и воведување на истите во секојдневната практика. Присуството на конгресите на ЕФФОРТ (европска ортопедска асоцијација) и ААОС (американска асоцијација на ортопедски хирурзи) е несекојдневна можност за воспоставување на нови контакти, размена на искуства и едукација. Ре-Медика во наредниот период планира организирање на инструкционален курс од областа на артроскопијата на рамото а со цел континуирана едукација на ортопедските хирурзи, а за која цел ке бидат поканети врвни имиња од оваа област.

Се разбира, ортопедската хирургија не може да се замисли без добра дијагностика и анестезиолошка подршка. За прв пат во нашата земја воведовме контрасна компјутерска томографија на рамо со цел успешно дијагностицирање на повредите на меките ткива на рамениот зглоб. Во исто време со подршка на анестезиолошкиот тим оперативните интервенции на рамото ги изведуваме во услови на низок крвен притисок (хипотензија), а започнавме и со користење на автотрансфузија кај ендопротетските замени на колкот и коленото.

Оперативните интервенции од областа на ортопедијата ги изведуваат нашите ортопедски хирурзи Др. Борислав Илиев (на последниот состанок на ULC – Upper Limb Committiee е предложен за национален делегат на Европската асоцијација за рамо), Др. Иванка Стефановска (ортопедски хирург со огромно искуство од областа хирургија на шаката) и Др. Димитар Споа.

д-р Боро Илиев
ортопедски хирург
email: biliev@remedika.com.mk

д-р Димитар Споа
ортопедски хирург
email: dspoa@remedika.com.mk
02 2603 100