Ве молиме користете го овој број само за итен случај

072 443 200

×
Во почетокот Хируршкото одделение располагаше со 10 кревети и тоа една четворокреветна соба, една трокреветна соба и три еднокреветни соби (апартмани). Со развојот на одделението како и со зголемениот обем на работа на Хируршкото одделение истото се прошири со уште шест кревети (три двокреветни соби) така да моменталната состојба е дека ова одделение располага со вкупно 16 кревети.

На самиот почеток Хируршкото одделение стартуваше со двајца општи и абдоминални хирурзи и еден уролог. Со текот на развојот и кадровските промени сега Хируршкото одделение располага со пет хирурзи кои се во постојан работен однос и тоа:
еден општ и абдоминален хирург, еден торакален хирург, двајца ортопедски хирурзи и еден уролог. Од среден медицински персонал Хируршкото одделение располага со осум искусни медицински сетстри кои се со Виша или Висока медицинска спрема и кои се обучени за ординирање на терапија и нега на пациентите.

Првата оперативна интервенција во општа анестезија во приватната општа болница Ре Медика беше изведена од страна на хируршкиот тим. Тогаш беше направена првата класична холецистектомија на акутна емпиематозна жолчка од страна на Прим.д-р. Мане Хаџи-Манчев кое што претставуваше почеток на оперативните интервенции во Ре-Медика. Од тогаш па наваму оперативните интервенции постојано се зголемуваат како и бројот на разноврсноста на оперативните интервенции благодарејки на софистицираноста на опремата со која располага приватната општа болница Ре-Медика.

Со развојот на Хируршкото одделение не само што е прво приватно одделение во Република Македонија може да се пофалиме дека сме први во воведувањето на ласерската хиругија на вени во Република Македонија, први во ласерската хиругија на простата, први во артроскопија на рамениот зглоб, како и први во лапараскопско поставување на гастрик бендиг кај екстремно дебели луѓе, оперативно решавање на спортски кили (препони) на светско ниво.

Ова се дел од големата палета на интервенции кои се изведуваат на Хируршкото одделение во приватната општа болница Ре Медика и кои претставуваат ексклузивитет на РеМедика а кои не се изведуваат во ниту една друга болничка установа во Република Македонија. Во склоп на хируршкото одделение се работат и интервенции од областа на пластичната хирургија, детската хирургија, ОРЛ хирургија. Сето ова е овозможено благодарение на искусната хируршка екипа како и на постојано следење на новите трендови во хирургијата а со користење на високо софистицирана медицинска опрема.

Прим. д-р Мане Хаџи-Манчев, шеф на оддел

На хируршкото одделение работат медицински сестри кои со својата стручност и искуство , но воедно и условите во кои работат овозможуваат целосна грижа за пациентите. Нивно целосно информирање за закажување на интервенции, припрема за интервенции, прием на одделението, негата која им се пружа за време на престојот во установата, пред и по интервенцијата, отпуштањето од установата. Сето тоа со голема љубезност и пожртвуваност на нивно целосно задоволство.

Следствено на протоколите за работа и инструкциите од докторите мед. сестра е таа која ги спроведува мед. протоколи во пракса посебно за секоја оперативна интервенција. Поголем дел од хируршките интервенции бараат претходни испитувања како: лабораториски иследувања, ЕКГ, РТГ, посебен режим на исхрана, прочистувања, спирометија и т.н. за што улогата на мед.сестра е од значење за целосно извршување и спроведување на ваквите припреми за комплетирање на целосната документација, со цел докторот да ја има на увид комплетирана за понатамошен третман.

Сите активности се од големо значење почнувајќи од разговорот со пациентот во кој треба да се чувствува сигурно, а сестрата загрижена и секогаш спремна на неговите потреби да прииде во пресрет. Топлиот прием на нивното хоспитализирање, сочувствување со нивната состојба за врема на престојот, спроведување на терапијата препишана од докторот, негата и грижата за нивно брзо опоравување, советување за понатамошно брзо враќање во нормалниот живот, совет за диета т.е соодветна исхрана во зависност од оперативната интервенција и информирање за последователни контролни прегледи и иследувања.

Ратка Апостоловска-Младеновиќ - главна сестра на оддел

Прим.д-р Мане Хаџи-Манчев
Општ и абдоминален хирург
email: mhadzi-mancev@remedika.com.mk

д-р Лилјана Стојановска
Општ хирург
email: lstojanovska@remedika.com.mk
02 2603 100