Ве молиме користете го овој број само за итен случај

072 443 200

×
МИКРОСКОПСКИ И ЕНДОСКОПСКИ ОПЕРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ:

Тумори во предел на главата

Тумори на мозокот и други тумори во внатрешноста на черепот
Тумори на хипофизата
Тумори на базата на черепот
Тумори на коските на главата и ткивата од поглавината
Тумори во предел на очната јама

Операции на периферни нерви

Состојби после повреди на периферни нерви на рацете и на нозете
Состојби после повреди на брахијалниот плексус
Тумори на периферни нерви

Операции на 'рбетот

Дискус хернија (во предел на крстот и на вратот)
Стеснување на 'рбетниот канал (спинална стеноза)
Изместување -"лизгање на прешлените" (спондилолистеза)
Тумори на 'рбетот и во 'рбетниот канал
Искривување на 'рбетот (сколиоза)
Спондилоза на вратот
Остеопоротични скршеници на прешлените
(вертебропластика/ кифопластика)
Хируршки постапки за стабилизација на 'рбетот - инструментација

При неврохируршките интервенции во Ре-Медика се користи најсовремена (State- of- the- art), апаратура:

Pentero Zeiss микроскоп со вградена високо интегрирана процедура Blue 400 Zeiss, која обезбедува максимално прецизно интраоперативно дефинирање на рабовите на малигните тумори на мозокот (глиоми), што овозможува нивно оптимално отстранување
Anspach Trepan – најсовремен и најсофистициран апарат за отварање на черепот и drill-процедури
CUSA Integra Excel – најсовремен ултрасоничен хируршки аспиратор, овозможува максимално безбедно отстранување на туморското ткиво
Mayfield Integra – за интраоперативна потполно безбедна фиксација на главата
Trumpf Mars – оперативен стол комплетно опремен за позиционирање на пациентот при неврохируршките процедури
Storz Endoscope – овозможува минимално инвазивен пристап во неуро-ендоскопските процедури, со максимална интраоперативна визуелизација
Toshiba Echo Viewer and transducers – за интраоперативна ултразвучна диференцијација на патолошките и анатомските структури

МИНИМАЛНО ИНВАЗИВНИ НЕВРОХИРУРШКИ ПРОЦЕДУРИ

Концептот на минимално инвазивната неврохирургија подразбира специјални оперативни техники за лекување на различни видови заболувања во предел на 'рбетот, базата на черепот и при разни операции во предел на централниот нервен систем.

Микроскопска неврохирургија
Операциите се изведуваат со употреба на најсовремениот оперативен микроскоп Pentero Zeiss, и специфично дизајнирани микроневрохируршки инструменти. Специјалната опција – Blue 400 – која ја поседува нашиот микроскоп, овозможува најмаксимална радикалност при микрохируршките операции на малигните тумори на мозокот.

Ендоскопска неврохирургија
Минимално инвазивна неврохируршка оперативна техника, која овозможува најадекватен пристап кон некои патолошки субстрати, кои поради својата специфична локализација се потешко пристапни со други постапки. Со оваа современа техника и метода се овозможува одлична интраоперативна визуелизација на промени кои се „сокриени„ во длабоките структури. На овој начин очите на неврохирургот „се доближуваат„ до патолошкиот субстрат на најадекватно растојание, со што се овозможува најдобро дефинирање на сите релевантни структури.

Стереотаксична неврохирургија
Проверена, максимално прецизна неврохируршка постапка за биопсија на длабоки, тешко достапни мозочни лезии, осовремена со најмодерната компјутерска технологија.

Во Ре-Медика се користат и трите минимално инвазивни неврохируршки постапки, а по потреба, се применуваат комбинирано, се со цел за поефикасно и побезбедно лекување на нашите пациенти.

Проф. д-р Владо Столевски
неврохирург
email: vstolevski@remedika.com.mk
02 2603 100