Ве молиме користете го овој број само за итен случај

072 443 200

×
Од областа на абдоминалната хирургија со користење на најсовремена опрема и хируршка техника се работат сите оперативни процедури во абдоминаланата хирургија од страна на Прим.д-р. Мане Хаџи-Манчев раководител на Хируршкото одделение, долгогодишен специјалист по општа и абдоминална хирургија.

Од широката палета на оперативни процедури како рутинска оперативна техника се користи и лапараскопската хирургија од самиот почеток на болницата благодарение на долгогодишното искуство на Прим.д-р. Мане Хаџи-Манчев кој се занимава со лапараскопска хирургија од 2000 година со голем успех.
Благодарение на богатото искуство во лапараскопската хирургија на Прим.д-р.Мане Хаџи-Манчев како и следењето на новите трендови во лапараскопската хирургија, а благодарение на најсовремената медицинска опрема која се користи во Ре-Медика беше направена и првата лапараскопска интервенција на поставување на гастрик бендинг кај екстремно дебели луѓе во Република Македонија.
Исто така постои тенденција за започнување на “single port” метода која што во најскоро време ќе започне да се применува од страна на нашиот искусен хирург Прим.д-р. Мане Хаџи-Манчев.

Единствено во Ре-Медика се вршат оперативни интервенции на кили со мрежички Пролен Хернија Систем од страна на Прим.д-р.Мане Хаџи-Манчев, метода која во светот е воведена во 2000 година, а кај нас е воведена од страна на нашиот хирург во 2003 година со над 900 успешно изведени интервенции.
Од 2008 година започна со нови интервенции на решавање на спортските кили (препони) со примена на мрежички Ултрапро Хернија Систем метода која е призната на светско ниво со изведени над 100 оперативни интервенции. Со оваа метода се оперирани голем број на спортисти репрезентативци на Република Македонија како и спортисти од Албанија и Косово и кои за извонредно кратко време се вратија на спортските терени.

Во Ре-Медика се изведуваат сите оперативни интервенции од страна на абдоминалната хирургија и тоа:

Оперативни интервенции на сите видови на херни(кили) - ингвинални, вентрални, умбиликални, препони, холецистектомии (лапараскопски и класични), апендектомии (лапараскоспки и класични), оперативен третман на ехинокова циста (кучешка тенија), оперативно решавање на симплекс цисти на јетра, слезенка (класично и лапараскопски), оперативен третман на желудник, дебело црево, тенките црева, илеусни состојби, спленектомии, хемороиди - БЕЗБОЛНО ХИРУРШКО РЕШАВАЊЕ НА ХЕМОРОИДАЛНА БОЛЕСТ, како и многубројни други палијативни и куративни оперативни интервенции. Во соработка со анестезиолошкиот тим, како и постоперативната нега од страна на искусните хируршки сестри компликациите на Хируршкото одделение се сведени на минимум.

Прим.д-р. Мане Хаџи-Манчев
општ и абдоминален хирург
email: mhadzi-mancev@remedika.com.mk
02 2603 121