Shqip
ОПЕРАТИВНА ГИНЕКОЛОГИЈА СО ГИНЕКОЛОШКА ОНКОЛОГИЈА И УРОГИНЕКОЛОГИЈА

• Преглед, PAP-тест, HPV-типизација, биопсија, ласер терапија на преканцерози
• Видеоколпоскопија
• Вагинална 3D, 4D и Колор доплер ултрасонографија кај тумори на гениталните органи
• Абдоминална и вагинална хирургија на гинеколошки бенигни и малигни тумори
• Лапараскопски и хистероскопски оперативен третман
• Уродинамика
• Корективни операции за инконтиненција и гениталната статика
• Неинвазивен, ласерски третман, третман на инконтиненција, гениталната статика, перименопаузални тегоби
• Третман на менструалните дисфункции и постменопаузата
• Конзервативен и оперативен третман на хроничната пелвична болка и пелвична инфламаторна болест


СТЕРИЛИТЕТ

• Проценка на анатомски и функционален стерилитет со хормонален статус
• 4Д колор доплер вагинална ултрасонографија во стерилитет
• Индукција на овалуација со фоликулометрија
• Интра Утерина Инсеминација и Ин Витро Фертилизација
ПЕРИНАТОЛОГИЈА СО АКУШЕРСТВО

• Водење нормална и високоризична бременост
• 4D и 3D ултрасонографија во бременост
• Ран скрининг на аномалии во првиот триместер од бременоста
• Хорионбиопсија, амниоцентеза, фетоскопија
• Ултразвучен скрининг и евалуација на срце на плодот во 20-22 гестациска седмица
• Безболно породување
• Постнатално одделение по принципот на „Болница-пријател на бебињата”
• Фототерапија со Billy-креветче (Били-креветче)
• Специјална нега со комплетен мониторинг-систем


Бременоста трае 280 дена или 40 ГН.

Следење на бременост:

Прв ултразвук - Со изостанување на редовниот МЦ, пациентката треба да го посети својот гинеколог за да се утврди причината за доцнењето на циклусот. Доколку се работи за бременост, треба да се утврди срцевата акција.

Втор ултразвук - Од 11 – 13,6 ГН – Скрининг за Даун синдром

Трет ултразвук - Од 18 – 22 ГН – Скрининг за аномалии на плодот

Четврти ултразвук - Од 28 – 30 ГН – Рутински скрининг

На почетокот на бременоста треба да се одреди:
- Крвна група
- Rh фактор
- Крвна слика (секој месец)
- Уринокултура (секој месец)
Микробиолошки испитувања:
- Chlamydya
- Mycoplasma

02 2603 100; 02 2603 105

Проф.д-р Глигор Димитров – шеф на оддел
спец. по гинекологија и акушерство
email: gligor.dimitrov@remedika.com.mk

Проф.д-р Јорго Бабушку
спец. по гинекологија и акушерство
email: jbabusku@remedika.com.mk

Проф.д-р Гордана Адамова
спец. по гинекологија и акушерство
email: gadamova@remedika.com.mk

Д-р Јован Ефремовски
спец. по гинекологија и акушерство
email: info@remedika.com.mk

Доц.д-р Зоран Петановски
спец. по гинекологија и акушерство
email: zpetanovski@remedika.com.mk

Прим.д-р Јане Стојковски
спец. по гинекологија и акушерство
email: info@remedika.com.mk

Д-р Коста Василевски
спец. по гинекологија и акушерство
email: kvasilevski@remedika.com.mk

Д-р Снежана Стојковска
спец. по гинекологија и акушерство
email: sstojkovska@remedika.com.mk

Д-р Маќули Хаџи Лега
спец. по гинекологија и акушерство
email: mhadzi-lega@remedika.com.mk

Д-р Елена Петрова
спец. по гинекологија и акушерство
email: epetrova@remedika.com.mk

Д-р Зоран Јовановски
спец. по гинекологија и акушерство
email: zjovanovski@remedika.com.mk

Д-р Симонида Котларова Попоска
спец. по гинекологија и акушерство
email: skotlarova@remedika.com.mk

Д-р Афродита Стомнароска
спец. по гинекологија и акушерство
email: astomnaroska@remedika.com.mk

  • УЛТРАЗВУЧНИ
    ПРЕГЛЕДИ
  • ИНФОРМАЦИИ
    ЗА ПАЦИЕНТИ
  • РОДИЛИШТЕ
    ВО РЕ-МЕДИКА
  • УЛОГАТА НА
    АКУШЕРКАТА
  • ПАКЕТИ ЗА
    ПОРОДУВАЊЕ
Како дел од пренаталниот надзор ви нудиме ултразвучен преглед на вашата бременост.
Првиот ултразвучен преглед го правиме при првата посета. Наменет е за одредување на траењето на бременоста, односно гестациската старост на плодот, да се исклучи или потврди повекеплодова бременост и да се потврди виталноста на плодот. Обично овој преглед го правиме вагинално, затоа ви советуваме да имате празен мочен меур.

Вториот ултразвучен преглед ке го направиме од 11-13,6 гн за да го измериме вратното просветлување на плодот, да ја видиме носната коска на плодот, како дел од прегледот за трисомија 21 (Даунов синдром) Комплетен преглед за трисомија 21 подразбира и двоен тест со земање на крв од вена на мајката за одредување на ниво на слободен Б ХЦГ и ПАПП-А.

Третиот преглед ке го направиме во 20-24 гн од бременоста, за да провериме дали вашиот плод уредно се развива, односно расте, и да исклучиме или потврдиме развојни неправилности на плодот. Повекето плодови се здрави, но за жал некои плодови може да имаат сериозни потешкотии. Ако навистина не сакате да знаете дека вашиот плод неправилно се развива или има развојни неправилности, подобро е да не го правите прегледот. Ако се одлучите за прегледот ке разбереме дека сакате да знаете се што ке приметиме. При прегледот ке легнете на креветот, докторот ке ви го премачка стомакот со гел , и врз стомакот ке стави ултразвучна сонда. Ултразвучната сонда дава подвижна слика на екранот која овозможува да го измериме плодот и да ги прегледаме сите делови и органи на плодот. Приближно половина од развојните неправилности кои може да предизвикаат сериозни потешкотии во тек на испитувањето ке ги видиме, а другата половина нема. Тоа значи дека , како на пример ако прегледот е во граници на нормала, останува мала веројатност дека вашето бебе сепак има некој неправилности. Во табелата се наведени разни неправилности кои често со ултразвучен преглед ги откриваме. Со прегледот понекогаш може да се утврди и полот на плодот, но преглед само за утврдување на полот не правиме. Точноста на утврден пол со уклтразвук е 95%.Ако докторот во тек на ултразвучниот преглед примети неправилности во развојот на плодот тоа и ке ви го каже. Повекето неправилности ке бараат нов преглед по правило од друг специјалист. Поради различни причини тој преглед би требало да се повтори во отприлика 15%.

Четвртиот преглед ке го направиме од 28-32гн, за да провериме дали вашето бебе уредно расте, да ја измериме количината на околуплодовата вода, да видиме каква е постелката нејзина локација, поставеност, структура, и да го измери колор доплер проток во феталните крвни садови. На овој преглед ке треба да дојдете со веке направени тестови за скриен шеќер во крвта, тест за антитела во крвта, и обична крвна слика и мочка.

Развојни неправилности

Која е развојната неправиност

Можност да ја откриеме

Spina bifida

Отворен рбетен канал

90%

Anencephalia

Одсутен горен дел на глава

99%

Hydrocephalus

Зголемена количина на течност во мозочните комори

60%

Поголеми срцеви мани

 

25%

Dijafragmalna hernia

Пукнатина во дијафрагма-преграда меѓу градна и стомачна празнина

60%

Egzomfalos/gastroshisis

Пукнатина на стомачен зид на излез на папчаник/десно од папок

90%

Поголеми мани во развој на бубрези

Недостаток или ненормален бубрег

85%

Поголеми неправилности во развој на екстремитети

Одсутна коска или кратка коска

90%

Церебрална парализа

Зголемена мускулна напнатост

Никогаш

Аутизам

 

Никогаш

Даунов синдром

Може да е поврзан со неправилности на срце или црева

40%

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ ЗА МАЈКАТА И ДЕТЕТО - дополнително што се плаќаат

Согласно Вашите потреби, би сакале да Ве информираме за политиката на цени на ПЗУ Ре-Медика според официјалниот ценовник за нашите медицински услуги кон Вас.

1. ПАКЕТ УСЛУГИ

СПОНТАНО ПОРОДУВАЊЕ - безболување (спинална аналгезија), 3 болнички денови, рутински лабораториски анализи за новороденчето и мајката, (вклучително тип на специјална нега);

ОПЕРАТИВНА ИНТЕРВЕНЦИЈА (ЦАРСКИ РЕЗ) - Анестезија - регионална (спинална и епидурална), 5 болнички денови, рутински лабораториски анализи за новороденчето и мајката, (вклучително тип на специјална нега);
Oперативната интервенција во себе не вклучува Пост-Оперативно лекување и Нега, (освен во случаеви каде што Ре-Медика согласно својата политика на работа, ослободува од плаќање за 1-5 болнички денови во зависност од големината на оперативната интервенција).

2. ПО ПОТРЕБА И МЕДИЦИНСКА ИНДИКАЦИЈА (ЗА МАЈКАТА И/ИЛИ НОВОРОДЕНЧЕТО), СЕ ВРШИ ДОПЛАТА ЗА СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ КОИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ПАКЕТИТЕ.

- Доплата за Епидурална Аналгезија за безболно породување;
- Доплата за дополнителни болнички денови, доколку според медицинска индикација, е непоходно за мајката и/или новороденчето, подолго да престојуваат од веќе вкалкулираните денови, согласно официјалниот ценовник на Ре-Медика;
- Доплата за патохистолошки материјал и обработка, доколку истата е индицирана;
- Доплата за Крв и Крвни деривати, (доколку има потреба за требовање на истите);
- Доплата за вонстандардни медикаменти/препарати за еднократна употреба согласно медицинските потреби;
- Доплата за рентгенски снимања, не рутински лабораториски анализи, ултразвучни снимања и евалуации;
- Доплата за специјална и/или интензивна нега по (3 дена за спонтано или 5 за царски рез);
- Доплата за користење на апартман по ваш избор;
- Одредување на крвна група и Рх-фактор, според медицинска потреба (мајка Рх негативна или патолошка жолтица кај детето) или по желба на родителите
- Скрининг на новороденото за 37 болести на метаболизмот ”Syn Lab”-Германија преку лабораторија ”Adria Lab”

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИТЕ УСЛУГИ

Ÿ ВО ГОТОВО;

Ÿ ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ: VISA; MASTER; DINERS; AMERICAN EXPRESS;

ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ;
Ÿ AETNA Global Benifit ;
Ÿ AIG;
Ÿ International SOS Tricare Department;
Ÿ Global Benefits Group,Inc;
Ÿ Vanbreda International;
Ÿ Allianz Worldwide Care;
Ÿ ILLYRIA;
Лице за контакт: Сузана Аџиовска, тел: 02 2 603 152

МОЖНОСТ ДА СЕ ПЛАТИ СО ФАКТУРА, ПРЕД ПАЦИЕНТОТ ДА ЈА НАПУШТИ БОЛНИЦАТА; (Информации на тел: 02 2603 100);
ПРВА ПРИВАТНА ОПШТА БОЛНИЦА , РЕ-МЕДИКА- ПРИЈАТЕЛКА НА МАЈКИТЕ И БЕБИЊАТА

Породилиштето во Ре-Медика е целосно адаптирано на потребите на самиот чин на породувањето. Имплементирани се релевантни медицински протоколи за работа во секој оддел.
Одделот за гинекологија и акушерство заедно со одделот за неонатологија и педијатрија како и родилните сали се на посебен кат од целокупната архитектура на болницата, достапни од повеке страни. Сместувањето и грижата за секоја родилка е наша цел, нашите пациенти да се чувствуваат удобно и безбедно.

Ре-Медика се гордее со својот високо професионален тим кој учествува во текот на едно породување независно дали е спонтан или е царски рез, почитувајки ја секоја пациентка како посебна и уникатна по својата природа, почнувајќи од приемот на трудницата, амбулантските прегледи, следење на бременоста со современа медицинска опрема, следење на контаракциите, срцевата акција, па се до самиот чин на породување.

Секојдневно, 24 часа, активно е вклучен тим од професионално високо едуциран и обучен тим: специјалист гинеколог акушер, специјалист анестезиолог, специјалист педијатар неонатолог, како и целосна поддршка од сестри акушерки, анестетичарки, тим кој што најодговорно е подготвен кон потребите на нашите пациенти.
Љубезност, стручност и висока професионалност, во целиот подготвителен процес почитувајќи ја психолошката состојба на секоја трудница, свое место секако има и психолошката поддршка од страна на психолог. Несебичноста и одговорноста кон грижата за секој пациент во Ре-Медика е секојдневна пракса, почитувајќи го секој пациент, назависно од неговата политичка, верска и национална определба.

Нашата стратешка определба се секако потребите на нашите пациенти. Во таа насока секогаш преку интерактивност со идните родители се договараат и се дефинираат нивните желби, потреби се со цел моментот на доаѓање на свет на новиот член или членови, да се доживее како посебен, да се запамети за целиот живот.

Одделот за неонатологија е посебен, издвоен од останатите простории, специјално адаптиран како нова средина за бебенцата. Светските протоколи се овде ставени во функција на секојдневна пракса. Покриено дежурство од 24 часа, со постојан мониторинг и контрола. Бебенцата се мирни, релаксирани и спокојни со почитување на нивните индикаторни потреби.

Имплементација на системот РУМИНГ ИН, прилагодување на мајката заедно со бебето во иста просторија. Овде благодарноста е огромна од тимот на врвни медицински сестри кои несебично ќе Ве подготват за идните секојдневни работи во грижата. Часови за доење, часови за бањање како и многу едукација и совети од врвни лекари специјалисти педијатри, кои ви се најнеопходни во подигнувањето, растот и развојот на Вашето бебе.

Тимот на педијатри се секогаш на располагање и во понатамошното следење на растот и развојот на бебето, како партнери, заедно со родителите, нивна заедничка цел е одгледување на здраво дете.

Чувството дека сте посебни и навистина многу важни за секој од нас, севкупното опкружување, сместувањето, персоналот, хигиената и многу други параметри, по сите содржини што ги нуди Ре-Медика, цениме дека се доволен предизвик да ја посетите болницата и да дознаете што ја чини Ре-Медика посебна и уникатна.

ОДНАПРЕД ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА.

ВАШЕ Е САМО ДА ДОЈДЕТЕ! ЗА СЕ ДРУГО ЌЕ СЕ ПОГРИЖИМЕ НИЕ.
Акушерството како професија претставува главна алка во нераскинливиот синџир наречен здравје. Акушерката со своите професионални компентенции и емпирсиско искуство се грижи за здравјето на своите пациенти, негата на трудниците и новорoденчињата на секоја генерација.

УЧЕСТВО ПРИ ПОРОДУВАЊЕТО;
(ВО РЕ-МЕДИКА ПРИ СЕКОЕ ПОРОДУВАЊЕ АКТИВНО СЕ ВКЛУЧЕНИ ГИНЕКОЛОГ-АКУШЕР И АКУШЕРКА, А ПРИСУТНИ СЕ И АНЕСТЕЗИОЛОГ И ПЕДИЈАТАР).


Акушерката е медицинското лице кое постојано е со трудницата откако акушерот-гинеколог ќе назначи прием во породилиштето на пациентката.

Постојат протоколарни процедури кои акушерката ги прави кај сите трудници:

Административни

Пополнува акушерска историја со личните податоци, Картон за новородено, Анестезиолошка листа која е всушност прашалник (информатор) за севкупната здравствена состојба, Согласност за прием, пријавa за породување коja по породувањето се проследува во матична служба за добивање извод на родени.

Медицински

- ЦТГ (Кардиотокографско следење на контракциите и срцевите тонови на плодот).

- Поставува интравенска канила и истовремено зема крв за лаб.анализи, доколку претходно трудницата не направила лаб.анализи.
Препорачуваме трудницата со себе да ги носи сите претходни лаб.микробиолошки и други медицински наоди.
Секоја трудница треба да има направено крвна група и Rh фактор и тој резултат да го носи со себе.

- Мензурација или мерење на карлични мерки,
Телесна Тежина (ТТ),
Телесна Висина (ТВ),
следење на срцевиот крвен притисок;

- и дава на трудницата средство за прочистување на дебелото црево, прави тоалета на генитална регија.

КОРИСТИ МЕТОДИ ЗА ПОДДРШКА

Менталната слика на жената и подготовката за контракции и породување ќе влијае врз процесот на породување.
Секако поддршката од партнерот или лицето кое родилката го одбрала да биде со неа, позитивно влијае на емотивната сигурност.

- Инструкции за дишењето

- Објаснување на положбите за породување:
Литотомна или полулежечка и Семирекумбентна или полуседечка

Акушерката треба да направи проценка во која фаза, која положба на телото е најефикасна и да и сугерира на родилката во која положба да се намести.
Согласно деловната политика на Ре-Медика, направени се пакети со кои на пациентите им се овозможува однапред да се информираат што се опфаќа породувањето, како би можеле да го дефинираат својот план, како семејство.

(ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ВАШ ИНТЕРЕС МОЖЕТЕ ДА ДОБИЕТЕ НА ТЕЛ: 2 603 100);
DNK Baby 100+