English
Shqip

ПАРТНЕРИ

РЕВИТА

КВАЛИТЕТ

СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

ЦЕНОВНИК

КОМЕНТАРИ ОД ПАЦИЕНТИ

НОВОСТИ

КАДЕ СЕ НАОЃАМЕ

КОНТАКТИ

АДМИНИСТРАЦИЈА

МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ

МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ-Табло

МЕДИЦИНСКИ ДИРЕКТОР

ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР

Не  многу одамна поточно на денот на здравјето 2005 година,  Ре-Медика ширум ги отвори своите врати, во функција на  квалитетно здравство.
Особена чест и задоволство ми е да  им се заблагодарам  на сите за соработката во изминатиот период со надеж и желба дека и во иднина ке продолжиме да чекориме заедно под знамето на хуманоста, професионалноста и стручноста ,се за добробит на секој човек. Довербата изразена кон нас е наш поредизвик за висок професионализам, стремеж кон нови знаења и вештини кои некогаш ги надминуваат и човечките можности.

Успешниот раст и развој  на Ре-Медика, е секако резултат на добро избран и профилиран тим на професионалци секој во својата област. Тоа е тим кој секојдневно е ангажиран во пружање на врвни медицински услуги. Изминативе години медицинскиот персонал во Ре-Медика успеа да изгради успешен лик на медицински работник препознатлив по хуманиот и етички пристап.Тоа е лик кој ги поседува највисоките  стандарди,лик кој зрачи од задоволство, препознаен од секој наш пациент, минат сегашен и иден. Вработените во Ре-Медика се горди на својот производ, а тоа се илјадниците пациенти кои секојдневно минуваат низ простоириите  и не криејки го своето задоволство оставаат анкетни листови, мејлови и писма преполони со благодарност и пофалби упатени до вработените во Ре-Медика, кои и дадоа живот на ова болница. Сите заедно создадовме болница која им служи за пример на другите и во едно вакво несигурно време, кое го живееме сите, време исполнето со кризи, изолираност,страв од непознато, се раѓаат и живеат идеи за создавање на убави и драгоцени нешта.

Нешта кои имаат хумана визија.
Тоа е визијата за врвно здравство.
Визијата за врвно здраство во Ре-Медика стана реалност.
Имајте почит кон своето здравје и кон здравјето на Вашите најблиски,
со почит кон идните генерации,
Искрено Ваша,
Елица Јорданова,
Генерален директор на Ре-Медика