Shqip
РЕ-МЕДИКА е болница која ја оствари својата ВИЗИЈА во создавање модерна болница во Македонија со поставување на највисоки стандарди на квалитетна здравствена нега.
Одделот за Анестезија и Интензивно Лекување започна со работа од самото формирање на Општата Болница Ре-Медика во април 2005 година, како интегрален и неопходен дел на Ре-Медика.
Тимската работа, искуснитe доктори, софистицираната апаратура и најновитe протоколи се клуч за успехот на Ре-Mедика. За да идејата стане реалност, мораше да се формираат оддели кои ќе ги покријат сите здравствени проблематики во домен на една општа болница со максимален квалитет, а како клучен дел беше формирање и на одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување, кој дава услуги скоро на сите други оддели со цел квалитетна здравствена нега.

Тие обезбедуваат 24 часовна/7 дневна специјалистичка анестезиолошка дејност и тоа во следните дејности:
1. Анестезија за елективни и итни оперативни, дијагностички и интервентни процедури кај сите пациенти- амбулантски и стационарни во Ре-Медика.
2. Интензивно лекување кај критично болни пациенти – оперирани или не, кои побаруваат посебна нега и третман во Централната Единица за Интензивно лекување со капацитет од 5 интензивни места.
3. Третман на акутна и хронична болка
4. Вентилаторна механичка терапијa
5. Реанимација

02 2603 131; 072 443 231

Д-р. Звонко Крстевски – шеф на оддел
спец. по анестезија и реанимација
email: zkrstevski@remedika.com.mk

Д-р. Слаѓана Јошевска-Јовановска
спец. по анестезија и реанимација
email: sjovanovska@remedika.com

Д-р. Бранко Петровски
спец. по анестезија и реанимација
email: bpetrovski@remedika.com.mk

Д-р. Роберт Домазетов
спец. по анестезија и реанимација
email: rdomazetov@remedika.com.mk

Д-р. Маја-Гроздев Адријана
спец. по анестезија и реанимација
email: info@remedika.com.mk

Д-р. Азра Куч
спец. по анестезија и реанимација
email: info@remedika.com.mk

Д-р. Анета Арсовска
спец. по анестезија и реанимација
email: info@remedika.com.mk

  • УСЛУГИ
  • ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАЦИЕНТИ
  • ЛОКАЦИИ НА ДЕЈНОСТА
  • ОПРЕМА
Одделот обезбедува висококвалитетни, професионални и најсовремени анестезиолошки услуги за пациентите според стандардите на АЅА, ЕЅА и ЕЅRА во следните области:

1. Предоперативен специјалистички и консултативен анестезиолошки преглед и преданестезиолошка евалуација на здравствената состојба како стандарден дел за подготовка на пациентите кои се подложуваат на сите дијагностички, интервентни и оперативни процедури при кои е потребна анестезија.

2. Мониторинг и МАС седација за мали оперативни интервенции и дијагностички процедури – Ртг снимања, КТ снимања, пункции, биопсии, поставувања на сонди, дренови и слично.

3. Општа анестезија при која користиме најмодерни и најбезбедни кратко делувачки интравенски и инхалациони анестетици, кои овозможуваат пациентите брзо да се будни и свежи и после долги хируршки интервенции.

4. Постанестетичко следење на оперираните пациенти

5. Регионални типови на анестезија и аналгезија – го следиме светскиот тренд и користиме регионална анестезија и аналгезија при сите хируршки интервенции кај кои тоа е можно и пожелно:

А. Спинална анестезија
Б. Епидурална анестезија
В. Комбинирана спинална-епидурална
Г. Континуирана епидурална аналгезија за третман на постоперативна болка
Д. Ремедика е прва болница во Македонија која користи Браунови РСА - пумпи за аналгезија со самоконтрола од страна на пациентот за интравенска или епидурална апликација
Ѓ. Регионална интравенска анестезија - RIVA

6. Акушерска анестезија - сите типови на акушерска аналгезија - спинална, епидурална и комбинирана спинална-епидурална “walking epidural” техника Ре-Медика е болница која обезбедува акушерска аналгезија 24 часа, 7 дена во неделата. Повеќе од 62% од нормалните породувања се изведуваат во некој од овие типови на аналгезија.

7. Сертифицирани реанимациони тимови оспособени за основно и напреднато одржување во живот работат во тек на 24 часа.

8. Периоперативна контрола на болка. Во третманот на постоперативната болка го практикуваме т.н. мултимодален пристап - со користење на повеќе лекови во помали дози со што се постигнува ефикасно обезболување со помалку несакани ефекти (гадење, повраќање).
АНЕСТЕЗИЈА ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ

Целта на оваа информација е да Ви даде одговор на некои од можните прашања во врска со анестезијата за вашето дете, да Ви ја објасни улогата на анестезиологот и можните несакани ефекти и комликации во врска со анестезијата.

Анестезиолошкиот оддел во Ре-Медика располага со тим од доктори анестезиолози и сестри анестетичарки чија цел е да обезбеди квалитетна услуга за децата кои доаѓаат кај нас и да им обезбеди што попријатен престој за време на лекувањето, преку:

• Минимизирање на вознемиреноста кај децата пред операција
• Подготовка на децата и родителите за анестезија
• Анестезија за хируршки процедури
• Седација за дијагностички процедури
• Мониторинг на витални функции за време на операција и будење
• Минимизирање на болката и вознемиреноста по операција

Повеќе информации можете де добиете во секое време од некој од анестезиолозите во Ре-Медика или на тел 072/443-231.

Има ли разлика во анестезијата за деца и возрасни?

Една од најголемите разлики е степенот на страв и вознемиреност. Децата понекогаш се премногу исплашени од тоа што ги очекува или од некое претходно искуство. Малите деца не се во состјба да разберат што им се случува, па затоа родителите се тие кои можат најмногу да помогнат. Физиолошките разлики кај децата бараат употреба на различни техники, апаратура и дози на лекови.
1. Оперативниот блок го сочинуваат 5 модерни операциони сали опремени со најнови апарати и монитори за анестезија, современа опрема и комплетен инструментариум. Тука се извршуваат сите видови општи, регионални и комбинирани анестезии од сите хируршки гранки освен невро и кардиохирургијата.

2. Дневна болница – Ре-Медика го следи светскиот тренд за еднодневна хирургија. Нејзиниот капацитет е една операциона сала и 7 кревети за постанестетичка нега. Претходно комплетно испитани и подготвени пациенти се примаат во Дневната болница за пократки оперативни и дијагностички интервенции, се опоравуваат после нив и се испишуваат во тек на денот.

3. Амбулантни анестезии се извршуваат низ целата болница каде е потребна краткотрајна анестезија со нужен висок стандард за анестезиолошка нега за дијагностички, терапевтски и интервентни процедури и тоа:
  • Центар за Асистирана Репродукција при Ре-Медика ги користи услугите на Одделот за Анестезија при IVF пункции, трансфери, TESSE процедури и слично.
  • Ендоскопската амбуланта е локација каде повеќето ендоскопски интервенции (гастроскопии, колоноскопии, гастро-колоноскопии, ендоскопски полипектомии, дилатации, биопсии) се извршуваат со седација или краткотрајна анестезија.
  • Одделот за радиологија ги користи анестезиолошки услуги при CТ и други снимања, биопсии, снимања на деца, коронарографии и друго.
  • Интернистичките процедури - поставувања на дренови, перкутани торакални и абдоминални дренажи, сонди и друго.
4. Единицата за интензивно лекување располага со капацитет од 5 интензивни кревети со комплетен мониторинг во која се обезбедува третман на најтешките пациенти кои имаат потреба од специјална интензивна нега и лекување во пред и постоперативниот период како и интернистички пациенти.
Одделот за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување е првиот анестезиолошки оддел во Македонија кој ги достигна високите светски стандарди во анестезиолошката практика во однос на сместување, опрема, мониторинг, дијагностика, мини лабораторија, вентилаторна поддршка и се друго потребно за обезбедување на квалитетна и сигурна анестезија, сатисфакција на пациентот и максимално обезболување.

А. Datex-Ohmeda анестезиолошки апарати користиме во Оперативниот блок, Родилните сали, Дневната болница, комплетирани со

Б. Datex-Ohmeda Ѕ5 модуларни монитори кои обезбедуваат:

1. Стандарден мониторинг ( ЕCG, NIBP, пулс оксиметрија-SaO2, Temp)
2. Инвазивен мониторинг ( CVP, IAP, PAP, PCWP, CO)
3. Специјален мониторинг:
     а. Капнографија – ја мери концентрацијата на јаглен диоксид во издишаниот воздух – ETCO2
     б. Ентропија и БИС индекс –контрола на длабочината на сонот во анестезијата.
     в. Невромускуларен мониторинг - за контрола на ефектот на невромускуларните релаксанти –TOF
     г. Спирометрија – мониторирање на вентилаторните промени.

В. Datex-Ohmeda централен мониторинг. Сите 16 монитори од операционите сали и Интензивното лекување се интегрирани во мрежа преку централен монитор кој има способност да ги меморира континуирано податоците за виталните параметри на пациентите во тек на 28 часа.

Г. Опрема за тешка интубација и контрола на дишниот пат - ги користиме сите видови ларингеални маски и фибероптички бронхоскоп и ларингоскоп Olympus.

Д. Единицата за интензивно лекување е опремена по најсовремени стандарди: General Electric
     а. Datex-Ohmeda S5 неинвазивен и инвазивен мониторинг
     б. Servo-i вентилатори за вентилаторна подршка кои ги обезбедуваат сите модуси на контролирана,
         асистирана и неинвазивна вентилација.
     в. Тотална парентерална и ентерална нутриција
     г. Кислородна терапија
     д. Торакална дренажа
     е. Респираторна и физиотерапија и останати интензивни процедури
     ж. Гасен анализатор Nova (рН, рО2, рСО2, Na, K, Ca, Glu, Hb, Ht, Lact)

Ѓ. Braun инфузиони и перфузиони пумпи се користат во целата болница за стого контролирана инфузиона терапија

Е. Braun PCA пумпи за обезболување според потребата на пациентот

Ж. Секој Оддел е екипиран со план и комплетна опрема за реанимација и дефибрилатори General Electric.